Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рестрикциите за увоз на челик ќе бидат продолжени до јули 2021

0
By Нова ТВ on January 7, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската Комисија потврди дека во петок ја известила Светската трговска организација за својата намера да воведе трајни рестрикции врз увозот на челик до 16 јули 2021, јави дописничката на МИА од Брисел.

По воведувањето на повисоки тарифи врз увозот на челик и алуминиум во САД минатата година, Европската Унија одлучи исто така да ги зголеми царините врз одреден број челични производи, со што очекува да се заштити од трговската диверзија што ја предизвикуваат американските мерки.

По внатрешна истрага, Европската Комисија воведе привремени рестрикции врз увозот на челик во времетраење од двесте дена, рок кој завршува на почетокот на оваа година. ЕК сега смета дека рестриктивните мерки треба да бидат продолежни до 16 јули 2021.

Новите правила ќе важат „ерга омнес“, односно врз увози од сите потекла и се однесуваат на 26 категории на челични производи.

Царина од 25 отсто ќе се применува врз увозот на овие челични производи откако земјата-увозник ќе ја постигне стапката од просекот од последните три годии, или тнр.“традиционални текови“.

Македонија веќе предупреди дека нејзината челична индустрија ќе биде многу погодена од ваквите рестрикции, а премиерот Заев телефонски разговараше со претседателот на ЕК Жан Клод Јункер пред празниците на оваа тема. Европската Комисија за сега не коментира за барањата на Македонија, но не се очекува да биде изземена од мерките.

Европската Комисија преку соопштение објасни и дека главните снабдувачи на челик ќе добијат “индивидуални квоти“ врз основа на нивните “историски увози“, но без повеќе детали за кои земји се работи.

Предложените квоти сега треба да бидат одобрени од страна на земјите членки на ЕУ кон средината на овој месец. Доколку бидат усвоени ќе стапат на сила на почетокот на февруари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.