Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реторичко прашање: Дали Пешевски е примитивен сексист или не?

0
By Нова ТВ on October 31, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 31, 2016 16:24

vladimir-peshevski-9-42059

„Дали вие можете да одговорите со да или не ако ве прашам дали твоите дома знаат дека си проститутка“, гласело контра прашањето на вицепремиерот Владимир Пешевски упатено до новинарка која на прес конференција го прашувала за пензиите.

Здружението на новинарите на Македонија остро гo осуди недоличното однесување на потпретседателот на владата Владимир Пешевски, кој минатата недела после прес конференцијата на која го претставувал извештајот на Дуинг бизнис за Македонија, навредувал новинарка од дневниот весник Вест поради тоа што прашала дали владата размислува да ја покачи старосната граница на 67 години за одење во пензија.

Пешевски иритиран од инсистирањето на новинарката да добие прецизен одговор околу намерата на владата да ја покачи старосната граница за заминување во пензија и се обратил на новинарката со контра прашање: „Дали вие можете да одговорите со да или не ако ве прашам дали твоите дома знаат дека си проститутка“, соопштија од ЗНМ.

Новинарката засега не сака јавно да разговара за настанот, но според информациите кои доаѓаат од ЗНМ и синдикатот, таа го пријавила настанот во двете медиумски организации. Инцидентот не се случил пред камерите, туку по завршувањето на прес конференцијата, кога според дел од новинарите кои биле присутни на настанот, Пешевски го упатил прашањето кон неа, на големо чудење на дел од присутните.

„Пешевски, покажува дека нема основно домашно воспитување и политичка култура, која се граничи со силеџиство и примитивизам. Ваквиот напад не е вперен само кон еден професионален новинар, на кој основна задача е да поставува непријатни прашања за политичарите, туку е напад и врз слободата на медиумите.

Ваквите напади имаат за цел да ги омаловажуваат и заплашуваат новинарите да не бараат отчет од работата на јавните функционери  да ја убијат смислата на улогата на новинарството во демократско општество“, се вели во реакцијата на ЗНМ.

Неприфатливо однесување на владин функционер

Претседателката на ССНМ, Тамара Чаусидис за НОВА вели дека без оглед на тоа што Пешевски сакал да ја илустрира ситуацијата за реторичко прашање кое не може да се одговори со да или не, зборовите кои ги избрал и адресата на која ги упатил се неприфатливи.

„Станува збор за познатото правило „Во куќата на обесцениот, не се зборува за јаже“. Македонските новинари се понижени и навредувани на дневна основа. Ова само ја засилува секојдневната навреда која ние ја доживуваме од позиција на моќ“, вели Чаусидис.

Таа додаде дека од синдикатот разговарале со новинарката но таа инсистирала да нема реакција и изразила желба да не биде споменувана во контекст на оваа срамна ситуација.

Од ЗНМ пак побараа Пешевски итно да се извини и да си поднесе оставка, а доколку тоа не се случи, премиерот Емил Димитриев да го разреши.

„Крајно лицемерно е политичарите да бараат од медиумите да известуваат професионално за изборната кампања кога во исто време физички напаѓаат и навредуваат новинари без да понесат било каква одговорност. Бараме вицепремиерот Пешевски јавно да се извини на новинарката,  но и да поднесе политичка одговорност. Или сам да поднесе оставка или премиерот Емил Димитириев да го разреши. Ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се огради од однесувањето на нивниот министер и член на најтесното партиско раководство и бараме да не го кандидираат за пратеник на следните избори. Во спротивно, ќе сметаме дека партијата оправдува и дозволува насилство и непримерно однесување кон новинарите“, велат од ЗНМ.

НОВА се обиде да стапи во контакт со вицепремиерот Пешевски, но тој не е достапен за коментар дали ќе поднесе одговорност и оставка за вербалниот инцидент.

Пешевски лани беше актуелен со друг скандал, кога во сред бел ден физички го нападна сопственикот на порталот „Мактел“, Саше Ивановски кој го сними инцидентот. За настанот не поднесе никаква одговорност.

Шовинизам и сексизам кон новинарките

Зборовите упатени до новинарката, освен што го покажуваат недостатокот на политичка и основна култура, го илустрираат и шовинистичкиот пристап на еден функционер кон жените новинарки, велат познавачите.

Ирена Цветковиќ, магистер по родови студии и дел од коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, вели дека кога за новинарка која си ја врши својата работна задача, односно поставува прашање на прес конференција, потпретседателот на владата алудира дека е „проститутка“, тогаш постојат два проблема

„Првиот е навреда на новинарка со цел нејзино цензурирање и вториот- навреда на сексуалните работнички, кои за разлика од дил-ориентед криминалците, чесно и макотрпно го заработуваат својот леб. Односот на Пешевски кон новинарите и новинарките не може да се каже дека е единствено последица на недостаток на политичка култура, туку недостаток на домашно воспитување, морал и почит кое за жал веќе е доцна да се надомести. Одбивам да давам изјави во кој ќе објаснувам зошто е скандалозно и недопустливо владини функционери да артикулираат шовинизам и сексизам, затоа што очигледно нив тоа ништо не им значи. Наместо тоа би го запрашала Пешевски дали него од дома го знаат дека е дрзок и невоспитан криминалец?“, изјави Цветковиќ за НОВА.

Лани за многу слична ситуација, српскиот министер за одбрана, Братислав Гашиќ си поднесе оставка, откако на камера беше фатен како вели „Обожавам новинарки кои вака лесно клечат“. По бурата од  реакции во јавноста, тој јавно и се извини на новинарката, но и си поднесе оставка.

„Сакам јавно да и се извинам на новинарката Златија Лабовиќ и српската јавноста поради моето денешно скандалозно однесување. Оправдување за мојата изјава, што и да изговорам во овој момент, нема. Ја молам новинарката на телевизијата Б92 и сите граѓани на Србија да ми веруваат дека искрено се каам за мојата изјава“, гласеше неговата изјава.

И покрај извинувањето, српскиот премиер Александар Вучиќ, по неколку дена од настанот изјави дека министерот за одбрана не може веќе да остане на својата функција поради ваквото недолично однесување. Во Македонија пак и по една недела од срамниот коментар, остануваат само реторичките прашања упатени до адресата на вицепремиерот, за тоа дали тој е примитивен сексист или не?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026

Сеул тврди дека Ким Јонг Ун ја назначил ќерка му за негова наследничка

February 12, 2026
ФОКУС
February 14, 2026

Минхен: САД и Европа се поврзани но партнерството мора да се прилагоди

ВЕСТИ February 14, 2026

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека судбините на САД и Европа се „поврзани“, во…

Јотова: Северна Македонија лобира да го заобиколи првиот кластер но да не се лаже дека постои полесен пат до ЕУ

February 14, 2026

Кос: Во следното проширување на ЕУ нема да дозволиме да влезат „Тројански коњи“

February 14, 2026

Левица: Падна една недопирлива – победи јавниот притисок за Цвета Ристовска

February 13, 2026
ТИКЕР

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026

Сеул тврди дека Ким Јонг Ун ја назначил ќерка му за негова наследничка

February 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.