Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сѐ е стабилно и нема проблем, јас само ширам паника

0
By Zoran Ivanov on March 3, 2026 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 3, 2026 13:16

Џабир Дерала: Додека го пишував текстот за можните влијанија на војната во Иран, во сандачето ми слета електронски гулаб од кабинетот на претседателката на Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова. Нашата врховна командантка ја извести јавноста дека на седницата со клучните луѓе од областа на безбедноста и одбраната заклучиле дека состојбата во земјата е стабилна и безбедна. Тоа го заслужи првото место во мојот текст, се разбира. Го потисна на второ место и Александар Вучиќ кој, со своите вообичаени популистички и не многу скриени анти-ЕУ наративи, не беше некое посебно изненадување.

Особено успокојувачки беше делот од изјавата на претседателката што се однесува на другите аспекти на можните влијанија на војната во Иран, а кои се во суштинска релација со безбедноста, стабилноста и одбраната на една земја.

„Може да додадам дека во вакви ситуации размислуваме не само за можното влијание на безбедноста, туку и врз економијата, користењето на енергенсите итн. Во тој поглед, надлежните информираа дека нема проблем“, изјави претседателката на Северна Македонија.

Значи – нема проблем.

Секогаш е олеснувачки кога проблемите не постојат — барем во извештаите.

Го прочитав внимателно соопштението и решив да се смирам. Очигледно, мојот текст е производ на претерана претпазливост.

Штом претседателката и сите релевантни луѓе велат дека сѐ е во ред, тогаш сѐ е во ред.

Требаше да знам дека кај нас никој не е одговорен — особено кога сè е стабилно.

Власта не управува со перцепции преку изјави, а мојот текст сосема заслужено може да се прогласи за ширење паника. Моја грешка е што мислев дека реалноста не се менува со соопштение.

Извор: Фејсбук

 

 

став Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
ФОКУС
March 16, 2026Updated:March 16, 2026

Нов брз удар по џебот на граѓаните – горивата пак поскапеа

ВЕСТИ March 16, 2026

Значително поскапување на горивата стапува на сила од ноќеска на полноќ, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе…

Молитва за упокоените, гласна тишина и шеесет и три столчиња во Паркот на револуцијата во Кочани

March 16, 2026

Една година од несреќата во Кочани: „2 часот и 32 минути. Во ‘Пулс’. Во тој миг 63 млади срца престанаа да чукаат меѓу нас“

March 16, 2026

Генералниот секретар на ИТУЦ до Мицкоски: Загрижени сме за притисоците врз синдикатите

March 15, 2026
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.