Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самит100: Регионот да ги искористи европските фондови

0
By Нова ТВ on October 16, 2017 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во присуство на повеќе од 100 еминентни бизнис лидери од Македонија и регионот и специјални гости од меѓународни финансиски институции, денеска Живко Мукаетов, Генерален директор на „Алкалоид“, кој воедно е и Претседател на Управниот одбор на САМИТ100, го отвори најголемиот бизнис собир на овие простори – 6-тиот годишен САМИТ100 за Бизнис лидери од Југоисточна Европа.

Темата на овогодинешното издание на САМИТ100 е „Поврзување“, и тоа во неколку клучни области, како инфраструктура, транспорт, енергетика, дигитализација, брендирање на регионот, овозможување слободно движење на стоките и услугите, но и поголем степен на мобилност на работната сила.

Во своето воведно обраќање Живко Мукаетов пред присутните говореше како САМИТ100 прерасна во водечка регионална бизнис платформа и кои се следните очекувања, а се наврати и на претходните изданија на САМИТ100, како и на резултатите и клучните проекти кои произлегле од нив.

„Фокусот на Самит100 во Скопје, како и секоја година, ќе остане на регионалната соработка. За полесен пристап до нови пазари, на компаниите им е потребно здружување, а Самит100 е одлична иницијатива за постигнување на овие цели. Истовремено, Самит100 е силна платформа за структурирање на развојни програми кои би го приближиле регионот чекор понапред во исполнувањето на мисијата за градење на моќна бизнис заедница која би била генератор на поголем економски раст. Ние во Самит100 сме уверени дека само преку интензивирање на регионалната соработка и градење синергии меѓу компаниите, би ја подигнале конкурентноста на економиите, на нашите фирми би им овозможиле полесен пристап до нови пазари, а за странските инвеститори, како унифициран пазар би биле далеку попримамливи.“, рече Живко Мукаетов на отворањето на САМИТ100.

На отворањето како специјален гостин се обрати и Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов кој говореше за македонското гледиште на регионалната перспектива.

САМИТ100 понатаму продолжи со најавеното специјално обраќање на Виолета Булц, Еврокомесар за транспорт, по што следеше дискусија модерирана од Изток Селјак, координатор на „Едисон“ и потпретседател на Управен Одбор на САМИТ100.

Еврокомесарката ја потенцираше долгорочната традиција која таа ја има со САМИТ100, почнувајќи уште од првиот ден на оваа бизнис иницијатива и истакна дека од година в година е сè поубедена дека САМИТ100 станува исклучително важна платформа за регионална интеграција.

„Денес ветровите повторно ги дуваат едрата на Европа. Европската унија излезе од кризата, сите земји-членки бележат економски раст, а ЕУ денес е најголемата економија во светот. Невработеноста паѓа, што е многу добра порака за младите луѓе. Сакаме да ја споделиме оваа добра вест со нашите партнери во Западен Балкан, каде што се случуваат позитивни трендови“, потенцираше Булц.

Таа ги повика земјите во регионот да го искористат позитивниот момент и што побрзо да ги направат неопходните реформи и да се приближат до полноправно членство во Европската унија.

Според нејзините зборови, меѓусебната соработка и взаемната поддршка на земјите од регионот е клучна за овој пат.

По обраќањето на Булц, се очекува обраќање на Д-р Александар Котуц, раководител на Одделот за управување со проекти за BMW i, кој ќе зборува на тема „Мотивација за електрификација или што ни претстои“, по што најавена е пленарна панел-сесија насловена „Е-начин на размислување за растот на електрификацијата врз основа на меѓусебно поврзување“ и специјално воведно обраќање од Давот Тремац, „Uber“, за тоа на кој начин споделувањето значи грижа, односно инспирација со глобална димензија.

На следната сесија панелистите ќе дискутираат како сонот на САМИТ100 да стане реалност, алудирајќи на слободен товарен транспорт во регионот, а додека на последната сесија, закажана за од 17 часот, темата е „Од Берлин преку Виена, Париз и Трст, до просперитетна реалност или како идеите и проектите да функционираат во практиката во рамките на регионот преку Берлинскиот процес“, кога ќе биде потпишан и Меморандум за разбирање за меѓусебна соработка меѓу САМИТ100 и „WB6 CIF“.

За вториот ден на САМИТ100 закажани се 5 креативни работилници посветени на енергетиката, економијата базирана на знаење, брендирање на производите од секторот храна и пијалаци, како и дигиталната агенда и туризам, а предвидена е и пленарна презентација на идеите за регионална соработка пред политичките лидери од регионот.

Самит100
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.