Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самитот во Давос без САД, Русија, Кина и Франција

0
By Нова ТВ on January 21, 2019 ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Давос од 22 до 25 јануари се одржува економскиот форум каде ќе бидат светските челници и на кој ќе се зборува за стратегии за иднината и ќе се обиде да се најдат одгвоори за актуелните проблеми.

Овогодишниот состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос ќе биде фокусиран на долгорочни глобални проблеми како климатските промени, најавуваат организаторите пред собирот и на кој нема да бидат дел од клучните светски лидери.

Меѓу 3.200 претставници нема да бидат шефовите на држави на САД, Франција Русија и Кина. Ниту еден од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН.

Американскиот претседател откажа присуство во Давос поради блокадата на владата заради изградбата на ѕидот на границата со Мексико, додека неговиот француски колега Емануел Макрон има  работа со протестите на „Жолтите елеци“.

На форумот на бизнис лидери и политичари во швајцарските Алпи, ќе присуствуваат германската канцеларка Ангела Меркел, јапонскиот пемиер Шинзо Абе, премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

– Ако погледенете наоколу ќе видите дека сите се фокусирани на средување кризи, вели основачот на WEF, Клаус Шваб. – Во Давос сакаме долгорочен поглед на тоа.

Темата на овогодишниот состанок е: „Глобализација 4.0 – Обликување на светската архитектура во време на четвртата индустриска револуција“.

Високи претставници на меѓународни организации, како што се директорот на ММФ, Кристин Лагард, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и на НАТО, Јенс Столтенберг, во Давос ќе се соочат со опасностите од појавата на целосна трговска војна и зголемената политичка тензија помеѓу светските сили, како што беше предупредено од извештајот на Форумот, објавен во пресрет на собирот.

Анкетата спроведена од страна на организаторите на Форумот меѓу илјадниците креатори на политиката, академици и бизнис лидери е, според американскиот „Волстрит Џурнал”, дека сајбер-нападите и климатските промени се високо на листата на потенцијални опасности.

Берге Бренда, претседавач на Форумот, затоа, во изјава вели дека повеќе од кога било досега постои итна потреба да се обнови архитектурата на меѓународната соработка.

Но, до 25-ти јануари, околу 3.000 учесници на собирот во Давос тешко дека ќе најдат решенија за тие сериозни глобални ризици. Дури и девет од десет испитаници очекуваат дека односите меѓу водечките светски сили ќе се влошат во 2019 година. Покрај тоа, 88 отсто од нив очекуваат понатамошна ерозија на мултилатералните трговски прописи и договори.

– Се чини дека постои недостаток на колективна волја за справување со глобалните ризици. Наместо тоа, поделбите се продлабочуваат, се вели во извештајот, додавајќи дека колапсот на меѓународната соработка достигна „нивоа на криза” и ќе продолжи да спречува меѓународни акции за справување со кризата во оваа година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.