Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ:Главниот уредник на МТВ ќе добие 30000 евра од Агенцијата за филм

0
By Нова ТВ on July 9, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 9, 2016 14:55


Главниот и одговорен уредник на Првиот програмски сервис на Македонската телевизија, Диме Ратајковски е дел од проект на којшто власта ќе додели 30.000 евра државни пари, обелодени СДСМ на денешната прес конференција.

„Од сите познати сценаристи, од сите продуцентски куќи во Македонија, ете токму документарниот филм во којшто сценариото го пишува послушен уредник на власта во МТВ, добива од Агенцијата за филм 2.000.000 денари или над 30.000 евра“, рече портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, кој покажа документ од страницата на Агенцијата за филм, и потенцираше дека линкот неколку часа пред прес конференцијата не можел да се отвори.

Долгометражни документарни филмови со мнозински македонски удел 

Бр.НасловПродуцентРежијаСценариоПоддршка во ден.
1.„Исти доживувања од различни преспективи“Арнел Продакшен ДООЕЛ експорт-импорт ТетовоСенат АбдулиСенат Абдули3.000.000
2.„Беба“Квазар Филм Доо СкопјеБлаже ДулевСнежана Стојчевски1.990.000
3.„Боите на Преспа-Птици“Карма Икс Ел ДОО СкопјеПеро ПоповДиме Ратајковски2.000.000
4.„Ѕвезден запис на Кокино“ДМФ ДОО СкопјеСашо МиленковскиБилјана Станковска2.000.000
5.„Гарабет Тавитијан“Мунлајт ДОО увоз – извоз СкопјеДимитар СеизовЈана Коцевска2.000.000

 

Од него се гледа дека Ратајковски ќе снима филм за птици насловен Боите на Преспа – Птици.

„Дали овие пари се “благодарам“ за послушноста на Диме Ратајковски?“, праша Шилегов.

Тој додаде дека на очиглед на целата јавност, МТВ, веќе 4-та година под палката на Ратајковски и неговите кадри во информативниот сервис, е претворена во партиско гласило на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Според информации од вработени во МТВ и провладината телевизија Нова на партнерот на Груевски Сеат Ибица, омилениот уредник на криминалната власт на Груевски, Ратајковски, освен националната телевизија МТВ ја менаџира и телевизија Нова, изјави портпаролот на партијата.

Според него, 30.000 илјади евра пари на граѓаните за проект на главниот уредник на МТВ Диме Ратајковски се уште еден доказ како власта корумпира медиуми и главни уредници и во националниот сервис.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026

Објавени имињата на 305 познати личности поврзани со Џефри Епстин – меѓ нив и Трамп, Ди Венс, Рубио, Мишел Обама, Клинтонови, Бил Гејтс, Бијонсе, Шер, Де Ниро, Дајана Рос, …

February 16, 2026

Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир

February 15, 2026

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026
ФОКУС
February 18, 2026

Меѓународна конференција — 4 години агресија: Отпорот на Украина и одговорноста на светот

ВЕСТИ February 18, 2026

На 24 февруари 2026 година, четири години по започнувањето на целосната воена агресија на Русија…

Девет нови амбасадори поминаа на владина седница – Муртезани во Брисел, Мангова во Лондон

February 18, 2026

Владиниот таен синдикалец јавно седна во скутот на власта – стана член на УО на ПИОМ

February 17, 2026

Советот ѝ остави на Владата да одлучи кој од четворицата кандидати ќе биде републички обвинител – дадоа позитивно мислење за сите освен за Панчевски

February 17, 2026
ТИКЕР

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026

Објавени имињата на 305 познати личности поврзани со Џефри Епстин – меѓ нив и Трамп, Ди Венс, Рубио, Мишел Обама, Клинтонови, Бил Гејтс, Бијонсе, Шер, Де Ниро, Дајана Рос, …

February 16, 2026

Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир

February 15, 2026

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.