Published: Friday, September 2, 2016 12:54
Целосно се невистинити пишувањата на порталот Лајм што дека наводно претседателот на СДСМ, Зоран Заев ќе поднесе оставка од лидерската функција, се вели во демантот од СДСМ.
– Само пуста желба на Никола Груевски може да биде оставка на претседателот Заев. Зоран Заев ќе биде новиот премиер на Република Македонија. Централниот одбор на СДСМ на вчерашниот состанок донесе одлука за тематски Конгрес на крајот на септември за отворање простор за широк фронт против режимот на Груевски и утврдување на приоритетите на идната демократска власт во Македонија, за што партијата вчеравечер извести преку официјално соопштение за јавност, се вели во соопштението.




