Published: Thursday, August 18, 2016 14:26
-Поминаа четеринасет дена од катастрофата во којашто згаснаа повеќе од 22 човечки животи и уште 6 се водат за изчезнати. Нанесена е огромна материјална штета на населението во населените места околу Скопје, Стајковци, Сингелиќ, Економија, Инџиково, Црешево, Виниче, Смилковци, Страчинци и Брњарци. Невремето не можеше да се спречи но огромниот број на човечки жртви сигурно да. Силното невреме не може да биде оправдување за потфрлањето на институциите што се платени од народните пари за превенција и справување во вакви состојби, изјави денеска Борче Георгиевски, претседател на Општинската организација на СДСМ од Гази Баба.




