Published: Tuesday, August 30, 2016 14:21
– Го поздравуваме повлекувањето на Даут Даути од кандидатурата за петти член на Ад хок телото за мониторинг на медиуми за време на избори. Со тоа, веќе не постои натамошна пречка, четворицата избрани членови да го изберат единствениот преостанат кандидат и да го комплетираат составот на телото, се вели во соопштението од СДСМ.
Ги повикуваме да го направат тоа што поскоро, за да може Ад хок телото да почне со својата законски предвидена работа, велат од опозициската партија.
Даут Даути претходно во допис до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и до медиумитеобјави дека се повлекува од трката за член на ова тело.




