СДСМ ја демантираше веста која ја објави опозициската ВМРО ДПМНЕ дека министерката за правда Рената Дескоска на митинг дошла со службено возило, поради што побараа оставка од неа.

-Очаен е обидот на  ВМРО ДПМНЕ во отсуство на идеи со кои би настапило пред граѓаните, да се користи со лажни вести со цел манипулација на истите. Па така, денеска ВМРО ДПМНЕ повторно ја излажа јавноста дека министерката за правда Рената Дескоска користела службено возило за партиски цели,за кое што лично демант до јавноста испрати и самата таа, се вели во сопштението од СДСМ. 

Дескоска на Фејсбук и лично ја демантираше веста од ВМРО ДПМНЕ.

-Со обична проверка на регистрацијата лесно ќе утврди дека мерцедесот со кој “ме фатиле жива” е во приватна сопственост, а не е службено возило. Продуцирањето на лажни вести од некој што сака да се нарече медиум, само говори за неговата кредибилност, напиша Дескоска додавајќи дека службените возила се „пасат“, а возилото со кое таа дошла е „мерцедес“.