Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се чекаат преговорите со Беса – седницата закажана за напладне

0
By Нова ТВ on January 11, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 11, 2019 08:41

За денеска напладне е закажана собраниската седница за уставните измени, откако вчера, по повеќе одложувања беше одложена.

Премиерот Зоран Заев претходно денеска изјави дека се уште се во разговори со БЕСА на Биљал Касами за изнаоѓање техничка формулација во однос на државјанството со цел обезбедување на потребните 80 пратеници за донесување на уставните амандмани.

-Беса е принципиелно поставена за ова прашање, како што се и осумтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, и се „први кои се за заштита на македонскиот идентитет“. Суштината на Беса е преку формулацијата на македонско /граѓанин на РСМ да не се остави впечаток дека Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите и сите други во државата ќе бидат македонски. Тоа е суштината. Се изнаоѓаат техничките аспекти за решавање. Секако државјанството е македонско и така и ќе остане. За тоа нема дилема. Беса не бара да се смени идентитетот или слично. Будното око на осумте пратеници токму тоа го прави како и ние и останатите пратеници. Работиме да се изнајде решение за техничките формулации како државјанството за сите да биде македонско/граѓани на Република Северна Македонија, а сепак, Албанците и другите етнички заедници да не бидат Македонци, рече Заев на прес-конференцијата по промоцијата на овластен економски оператор.

Тој рече дека не може во моментов да каже дека се обезбедени 80 пратеници, но и дека е подготвен да го презеде својот дел од одговорноста.

-Секој треба да ја преземе одговорноста за процесот. Ако нема мнзоинство следува Централен одбор на СДСМ и понесување одговорност. Ставивме се на оваа карта. Во политиката, како што се земаат ловорики, така се понесува и одговорност. Немам предрасуди, дојде моментот на одговорноста. Или ќе не има 80 или ќе следува одговорност, вели премиерот Заев, и при тоа подвлекува дека сепак верува и очекува да биде обезбедено потребното мнозинство.

Премиерот Зоран Заев очекува пратеникот Панчо Минов од ГРОМ да гласа за уставните измени, но и оти се уште не може да каже дека се обезбедени потребните 80 пратеничките гласови.

Паралелно со подготовките за уставните измени во Собранието, надвор пред парламентарната зграда втор ден се одржува граѓански протест против промена на името, во организација на „Македонија блокира“ и партијата „Единствена Македонија“. На протестот се приклучи и лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој во своето обраќање порача дека „на отворена сцена се одвива ова пазарење со името и идентитетот “ и дека “тој и ВМРО-ДПМНЕ ќе сторат се за договорот да не се случи“.

Македонското Собрание на 19 октомври со 80 гласа ја донесе одлуката за пристапување кон уставните измени. Иако потребното двотретинско мнозинство во правата фаза од менување на Уставот беше неизвесно до самиот почеток на гласањето, сепак во последен момент освен 72 пратеници од владејачкото мнозинство за пристапување кон изменување на Уставот гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. За втората фаза, која помина минатиот месец, беа потребни 61 глас од вкупно 120 пратеници. За завршување на третата и последна фаза е потребно двотретинско мнозинство гласови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тешка сообраќајна несреќа во Словенија – горат возила

January 15, 2026

Капсулата „Кру Драгон“ со болен астронаут и тројца членови на екипажот слета на Земјата

January 15, 2026

Протести во Бугарија поради сомнежи за иборни нерегуларности

January 15, 2026

Пожар во ресторан во главниот шпански град предизвикан од прскалки – нема повредени

January 15, 2026

Слон уби 20 луѓе во Индија – се трага по убиецот

January 12, 2026
ФОКУС
January 15, 2026

Ноќеска европски земји испратија војници во Гренланд

ВЕСТИ January 15, 2026

Германија испраќа 13 војници во Гренланд, потврди германското Министерство за одбрана. Мисијата на Бундесверот ќе…

Данскиот министер за надворешни работи на состанок во Белата куќа: „Имаме фундаментални несогласувања околу судбината на Гренланд“

January 14, 2026

Заврши тричасовната лидерската средба и реши – ништо

January 14, 2026

Зеленски се обрати до нацијата: Ситуацијата во Украина е тешка, најтешко е на фронтот

January 14, 2026
ТИКЕР

Тешка сообраќајна несреќа во Словенија – горат возила

January 15, 2026

Капсулата „Кру Драгон“ со болен астронаут и тројца членови на екипажот слета на Земјата

January 15, 2026

Протести во Бугарија поради сомнежи за иборни нерегуларности

January 15, 2026

Пожар во ресторан во главниот шпански град предизвикан од прскалки – нема повредени

January 15, 2026

Слон уби 20 луѓе во Индија – се трага по убиецот

January 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.