Никола Поповски: Во 2024 година Македонија имаше за 4.371 помалку родени од починати лица, односно толкав негативен природен прираст. Во 2025 година повтроно иста состојба, односно негативен прираст од 4.381 лице. Скоро 9.000 за 2 години.
И вака е секоја година од пресвртната 2019 кога за прв пат прирастот стана негативен. Не е тешко да се пресмета што ќе биде идните 10-20-30-50 години со нашата земја која не е никаков исклучок во Европа. На ова додадете ги континуираните иселувања на младите лица.
Дополнително старосната структура се влошува и ќе се влошува уште побрзо. Каква е перспективата? И тоа не е тешко да се претпостави и пресмета.
Се намалуваме и старееме како нација. Таа празнина секако ќе се потполни. Со кои, како и со какви последици? Е тоа е веќе многу сериозно прашање.
Извор: Фејсбук



