Јане Ѓорѓиоски
Секако дека ќе ни објаснат дека и ова е успех.
А зошто и не би?!
Сега Мицкоски ќе излезе и ќе каже дека по негово инсистирање и во тесна координација со македонските власти, Трамп ги стопирал иселеничките визи за граѓаните од Македонија – нели, за да не бега народот од третата економија во Европа, од „економскиот тигар“ на Балканот.
Ќе испадне дека тоа е грижа за младите, за иднината, за татковината!
Истото важеше и за зголемените царини што ни ги удрија САД.
И тоа, се разбира, било координирано – за да не ни се „одлева природното и материјалното богатство“ надвор. Патриотска економија, американска верзија.
А фактите се сурови: Македонија е меѓу 75 земји за кои САД ја суспендираат обработката на иселенички визи, заедно со држави од кои луѓето масовно бегаат поради сиромаштија, нестабилност или корупција.
И да, на истата листа сме со земји како: Сомалија, Сирија, Авганистан, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Иран, Белорусија, Русија…
А потоа, драги мои, следи вториот чин – перење на мозоци.
Министерот Муцунски ни вели:
– Не е прекин, не е црна листа, туку „пауза“.
– Не важи за бизнисмени, студенти, туристи.
Муцунски чак шта више најави позитивни изненадувања за визниот режим со САД во следните шест месеци.
Ви велам јас нема заебанција со Мицкоски, Муцунски и компанија.
И арно ни прават – Секогаш кога ќе не удрат по глава, ни велат дека тоа е всушност масажа.
Иронијата да не беше брутална, ќе беше смешна: власта и Мицкоски што се колне дека е во „најблискиот периметар на Трамп“, завршува во иста визна матрица со држави што САД ги третираат како ризик, а не како партнер.
Ова не е пауза.
Ова е порака.
Ова така фино лепо ни го плескаат во фаца, што и да сакаш да го избегнеш не можеш.
И колку повеќе ја релативизираме оваа порака, толку подлабоко тонеме во приказната дека изолацијата е стратегија, а не последица.
Ама ако ни е.
Сами си го бараме.
Ајт!
Текстот е сопственост на Фронтлајн.мк




