Published: Wednesday, June 1, 2016 10:56
Граѓани кои протестираат со #ШаренаРеволуција и #Протестирам денес во 12:00 часот ќе блокираат неколку раскрсници во Скопје.
– Ова е блокада за правда и слобода. Ова е блокада против аболиции за криминалци. Ова е блокада за граѓанскиот глас да продре подлабоко во системот кој е окупиран од режим. Ако се соочите со блокада, приклучете се, свирнете за поддршка, свирнете за себе и за слободна Македонија!, се вели во објавата на Шарената револуција.




