Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

0
By Zoran Ivanov on November 6, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претставнички од иницијативата „Сите за Палестина“ денес имаа средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова, во нејзиниот кабинет. На средбата тие ѝ ги пренеле барањата на иницијативата и повикале државното раководство да покаже јасна солидарност со палестинскиот народ.

Сите за Палестина“ бараат од Владата, Собранието и од претседателката на државата да го осудат геноцидот во Газа и да делуваат согласно ратификуваната Конвенција за спречување и казнување на злосторството „геноцид“. Државата да почне да гласа во солидарност со палестинскиот народ на сите понатамошни гласања на ОН, повторно да ја признае Палестина, како и итно да ги прекине дипломатските односи и економската, културната, образовната и спортската соработка со Израел. Исто така да се вклучи во доставувањето на хуманитарна помош во Газа, да ги уапси оние кои се гонат за извршување на воени злосторства штом стапат на македонска почва, притоа извршувајќи ги своите обврски како членка на Меѓународниот кривичен суд.

На средбата, претставничките од Иницијативата се повикале на изјавите на претседателката по повод 80-годишнината од основањето на Обединетите нации, кога таа истакна дека мирот, климатската правда и меѓународното право се најголемите предизвици на современиот свет.

Во тој контекст, претставничките ѝ укажаа на претседателката дека недостига конкретна акција и почитување на меѓународните заложби на Македонија во овие принципи, а молкот на нашите меѓународни претставници во рамки на ООН и други мултилатерални организации е соучесништво со тековниот геноцид над палестинскиот народ.

Гласањето на Македонија да не се поддржи правото на самоопределување на Палестина и на палестинскиот народ е срамно, а впрочем и останатите гласања каде Македонија гласа воздржано или против Палестина се суштински различни од заложбите и историјата на Македонија наведуваат од Иницијативата.

Тие ја потсетиле претседателката на историската должност на Македонија, како држава со антифашистичка традиција и потписник на бројни меѓународни конвенции, да се заложи за почитување на меѓународното хуманитарно право и за прекин на страдањата во Палестина.

На крајот од средбата, активистките ѝ подарија пакет со киниги за мирот, хуманоста и за Палестина и ја повикаа да покаже морална и историска доблест во духот на човечноста и слободата.

На средбата било посочено дека солидарниот народ ќе продолжи да маршира и да организира акции за одговорност и солидарност: мир без слобода не постои, а правдата за Палестина останува предуслов за праведен и безбеден свет за сите, порачаа од Иницијативата „Сите за Палестина“.

 

газа Сиљановска сите за
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Форбс: Богатството на Илон Маск порасна на 677 000 000 000 долари

December 16, 2025

Апелација од 12 на 13 години му ја зголеми казната на возачот кој ја прегази Фросина Кулакова

December 15, 2025

Лувр затворен – персоналот штрајкува

December 15, 2025

Градот на светлината без новогодишни светла на Шанзелизе

December 14, 2025

Најмалку 10 убиени во пукање на плажата Бонди воглавниот град на австралискиот Нов Јужен Велс

December 14, 2025
ФОКУС

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

ВЕСТИ December 16, 2025

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот…

САД: Разговараме за договор што обезбедува силни гаранции за безбедноста на Украина

December 15, 2025

Сиднеј: Татко и син поврзани со „Исламска држава“ се терористите кои убија 15 лица во антисемитскиот напад на плажата Бонди 

December 15, 2025

Будимпешта: Илјадници на улиците – граѓаните бараат оставка од Орбан по скандалот со злоупотреба на деца

December 14, 2025
ТИКЕР

Форбс: Богатството на Илон Маск порасна на 677 000 000 000 долари

December 16, 2025

Апелација од 12 на 13 години му ја зголеми казната на возачот кој ја прегази Фросина Кулакова

December 15, 2025

Лувр затворен – персоналот штрајкува

December 15, 2025

Градот на светлината без новогодишни светла на Шанзелизе

December 14, 2025

Најмалку 10 убиени во пукање на плажата Бонди воглавниот град на австралискиот Нов Јужен Велс

December 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.