Вчера СЈО поднело предлог за казнување на директорот на УБК, Владимир Атанасовски, бидејќи одбивал да постапи на повеќе барања поднесени кон УБК од страна на СЈО. Како што појаснуваат од обвинителстото, Атанасовски не одбивал да постапки само по вчерашната судска наредба, туку и кон многу други барања коишто СЈО ги упатувало кон него во изминатиот период, не само за „Пуч“, туку и за многу други предистражни постапки.

Кон директорот биле упатени повеќе барања за повеќе предистражни постапки, како на пример барања за декласификација и други потребни асистентици и документи во делот на работат на Управата за контраразузнавање и безбедност.

Предлогот е доставен од Основниот суд – Скопје 1 којшто треба да одлучи за казнување на Атанасовски, а според Кривичниот законик казната е парична, и тој би можел да биде казнет  од 2,5 до 5 илјади евра.