Published: Thursday, October 20, 2016 09:55
Специјалното јавно обвинителство денеска во 11 часот на прес конференција ќе објави две нови истраги.
Прес конференцијата беше најавена пред два дена. Од вчера специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и неколку обвинители се во просториите на УБК каде вршат истрага во врска со прислучувањето. Како што соопшти Јанева на прес конференцијата после полноќ тие цело време се соочуваат со блокада од страна на заменик министерот за внатрешни работи, од директорот на УБК и од директорот на Бирото ја јавна безбедност.
Заменик министерот за внатрешни работи Оливер Андонов преку Фејсбук статус денеска во исто време кога е најавен и пресот на СЈО закажа прес конференција за овој случај.





