Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Следната недела ќе има мерки за стабилизирање на пазарот на сливи

0
By Нова ТВ on August 11, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на почеток на следната недела ќе излезе со конкретна интервентна мерка за стабилизирање на пазарот на сливи, соопштија попладнево од МЗШВ по денешниот протест на производителите на сливи од Радовиш, кои се незадоволни од ниските откупни цени. Тие го блокираа патот Радовиш-Струмица и побараа да се реализира вчера договореното со претставник на Министерството, а тоа е, дел од сливите да одат за откуп и дел за индустриска преработка.

-Мерките кои што ќе бидат преземени, вчера беа заеднички разговарани на состанокот во Радовиш помеѓу тимот од МЗШВ и производителите и откупувачите на сливи. Од вчерашниот состанок произлегоа конкретни предлози од двете страни, кои МЗШВ ќе ги разгледа, и како ресорно Министерство ќе донесе мерки кои ќе бидат од заеднички интерес и на производителите и на откупувачите на сливи, се истакнува во соопштението на МЗШВ.

Од Министерството апелираат до земјоделците да не потпаѓаат на политички монтирани информации и создавање на вештачка криза. Потсетуваат дека Владата преку МЗШВ и во изминатиот период навреме  реагираше и преземаше мерки за секоја земјоделска култура, како што годинава се реагираше за доматите, а минатата година за лубениците и за праските.

Согласно поднесените барања за директни плаќања за површини со сливи за 2018 година, пријавени се 2.788 лица со вкупно пријавена површина од 2.121 хектари. Од Програмата за директни плаќања за одржување на насади од слива се исплаќа субвенција во висина од 33.000 денари за хектар и 39.600 денари за површини од еден до пет хектари.

Во годинешната Програма за финансиска поддршка во земјоделството, производителите на сливи имаат можност да аплицираат за субвенција од три денари за килограм предадени сливи во преработувачки капацитети.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.