Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собрание: Ќе се гласа формирањето на нов Универзитет без опозицијата

0
By Нова ТВ on June 28, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 28, 2016 11:37

Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска по скратена постапка ќе гласаат за основање на Универзитетот за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев” во Скопје.

Според опозицијата, незаконски е основањето на новиот универзитет да влегува во процедура кога опозицијата го има замрзнато своето учество во активностите на Собранието се до изјаснување на Уставниот суд за уставноста на Специјалното обвинителство.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески формувањето на овој универзитет повторно е ставено на дневен ред во Собранието, овојпат дополнет со три факултети.

-Со повлекувањето и повторно пуштањето на нов закон за формирање на Универзитет „Дамјан Груев”, само овој пат со плус три Факултети, ВМРО-ДПМНЕ призна дека Интерпелацијата за претседателката на комисијата за образование Олга Најденовска е основана. Ова е уште едно големо признание на ВМРО-ДПМНЕ дека работи незаконски.

Незаконската работа на ВМРО-ДПМНЕ потроши многу пари на граѓаните за неделовнички седници на комисијата за образование. Ваквото класично шверцерско носење на закон за формирање на Универзитет по скратена постапка е уште една голема потврда дека на ВМРО-ДПМНЕ најважно му е да ги вдоми своите партиски војници, а воопшто не му е важно образованието во Република Македонија, изјави Сугарески.

Од владејачката партија велат дека новиот универзитет се основа за да се спречи монополот што го држи Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

– Јавната тајна дека на дел од факултетите во Скопје и дел од професорите во Скопје постои чување на монополот и чување на фамилијарните релации и потврдената фактичка состојба со акцијата на Јавното обвинителство и на Министерството за внатрешни работи во која беа уапсени видни професори од Економскиот факултет во Скопје, ни дава право да кажеме дека дискусијата и дебатата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ околу новиот универзитет „Дамјан Груев“ се сведува на дискусија и на дебата дали во Македонија треба да го заштитиме монополот на одредени факултети и на одредени професори, како што се залага СДСМ или, пак, треба да дозволиме, да ја стимулираме и да ја помогнеме конкуренцијата за која се залага ВМРО-ДПМНЕ – рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026

Сеул тврди дека Ким Јонг Ун ја назначил ќерка му за негова наследничка

February 12, 2026
ФОКУС
February 14, 2026

Минхен: САД и Европа се поврзани но партнерството мора да се прилагоди

ВЕСТИ February 14, 2026

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека судбините на САД и Европа се „поврзани“, во…

Јотова: Северна Македонија лобира да го заобиколи првиот кластер но да не се лаже дека постои полесен пат до ЕУ

February 14, 2026

Кос: Во следното проширување на ЕУ нема да дозволиме да влезат „Тројански коњи“

February 14, 2026

Левица: Падна една недопирлива – победи јавниот притисок за Цвета Ристовска

February 13, 2026
ТИКЕР

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026

Сеул тврди дека Ким Јонг Ун ја назначил ќерка му за негова наследничка

February 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.