Во Собранието денеска продолжува седницата на која ќе се расправа за предлог ребалансот на буџетот.

Според предлогот за ребаланс се предвидува дефицитот на Буџетот да остане 2,9 отсто од БДП, а предвидениот раст да изнесува 2,2 проценти, наместо предвидените 3 отсто.

Расправата за буџетот на седница трае пет дена. Со предлогот за изменување и дополнување на буџетот за оваа година се определуваат дополнителни 25 милиони денари по одредени ставки и се пренаменуваат финансиски средства согласно со потребите на буџетските корисници. Владата најави дека се крати од непродуктивните трошења за да се реализираат дел од програмските цели.

Предвидено е кратење на расходите од 48,7 милиони евра и на капиталните инвестиции за исто толку, а предвидено е да се реализираат сите веќе започнати инфраструктурни проекти, како и да се додаде изградба на некои нови училишта во источна и во западна Македонија.

Проекцијата на приходите е проектирана на 3,003 милијарди евра. Кај расходите, проекцијата 3,305 милијарди евра. Дефицитот останува проектиран на 302 милиони евра.