Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието ќе одлучува за државната помош за исплата на минималецот

0
By Нова ТВ on July 23, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со предложените измените на Законот за минимална плата, кои се на дневен ред на денешното продолжение на 53. седница на Собранието на Република Македонија, државата планира да ги поттикне работодавачите кои имаат финансиски проблеми да ги исплатат зголемените плати на вработените кои се покачени над минималната плата и изнесуваат до 18.000 денари нето плата.

Според Предлогот, финансиската поддршка ќе се обезбеди во периодот од јули до декември годинава и ќе изнесува 30 отсто од разликата помеѓу бруто платата на работникот во тековниот месец и просечната бруто плата на работникот исплатена во октомври, ноември и декември минатата година. Максималната финансиска поддршка може да изнесува 1.200 денари.

Според проекциите на Министерството за труд и социјална политика, доколку аплицираат сите кои ги исполнуваат условите за мерката, ќе бидат опфатени околу 50.000 вработени и 15.000 работодавачи.

Со претходните измени на Законот за минимална плата, минималната плата  се зголеми на 12.000 денари во нето износ, со што околу 90.000 работници со полно работно време добија покачување на платата. Дополнително, со измените на Законот се изедначи минималната плата во сите дејности, вклучувајќи ги и одделите производство на текстил, производство на облека и производство на кожа и слични производи од кожа, кај кои во изминатиот период висината на минимална плата беше на пониско ниво (9.590 денари, наспроти 10.080 во другите оддели).

Со покачување на минималната плата, дојде до приближување на платите на работниците кои имаат минимална плата и работниците кои пред покачувањето на минималната плата имале приближно до 12.000 денари. Поради ова, се вели во образложението, се наметна потребата од финансиска поддршка од државата за надминување на јазот од изедначување на дел од платите поради усогласување со минималната плата што се јави кај трудоинтензивни компании, односно претпријатија кај кој трошоците за вработените сочинуваат повеќе од 50 отсто од вкупните трошоци.

Според Предлогот, финансиската поддршка се обезбедува за работодавач кој е правно лице или самостоен вршител на дејност, кој во претходната година имал трошоци за вработените (плати, надоместоци, даноци за платите и надоместоците и придонеси од задолжително социјално осигурување) во износ повисок од 50 проценти од вкупните расходи. За да ја добие финансиската поддршка неопходно е работодавачот во октомври, ноември и декември 2017 година на работникот да му исплатил  просечна бруто плата до 26.250 денари, да не е ослободен од плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход за работникот, да има статус на активен обврзник,  како и да ги има подмирено обврските по основ на плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци, заклучно со последниот ден од месецот за кој се обезбедува финансиската поддршка .

Средствата за исплата на финансиската поддршка се обезбедуваат од Буџетот на РМ. За спроведување на законот, што се носи по скратена постапка, ќе бидат потребни околу 372.000.000 денари за 2018 година, односно 892.800 денари за 2019 година.

закон минимална плата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.