Лисабон: „Португалскиот народ е најдобриот народ во светот. Одлично“, им рече Сегуро на новинарите во првичната реакција на резултатите. „Со огромно чувство на граѓанска одговорност и посветеност на вредностите на нашата демократија“.
Кандидатот на централно-левичарската партија Антонио Хозе Сегуро однесе убедлива победа на вчерашните претседателски избори во Португалија, победувајќи го десничарскиот популистички противник Андре Вентура, јавува ДПА.
Сегуро, од Социјалистичката партија (PS), обезбеди околу 66,8 отсто од гласовите, објави државната телевизија RTP, по пребројувањето на поголем дел од гласовите.
Вентура го призна поразот, додека Сегуро вети дека ќе им служи на речиси 10,5 милиони жители на Португалија.
Португалскиот народ е најдобриот народ во светот. Одлично“, им рече Сегуро на новинарите во првичната реакција на резултатите. „Со огромно чувство на граѓанска одговорност и посветеност на вредностите на нашата демократија.
Португалскиот претседател има значителна моќ, вклучително и правото на вето на законите, распуштање на парламентот и распишување предвремени избори, потсетува ДПА.
Функцијата треба да ја преземе на 9-ти март.




