Четворица кандидати за републички јавен обвинител в.д. обвинителката Анита Тополова Исајловска, обвинителките Лидија Раичевиќ и Ленче Ристоска и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот на јавни онбинители.
Откако Советот го дисквалификуваше разрешениот поранешен судија Владимир Панчевски едногласно, членовите речиси едногласно дадоа позитивно мислење за сите кандидати и топката за нов републички јавен обвинител ја префрлија на Владата.
Советот ќе ги достави образложените мислења до Владата, а таа треба да избере еден од четворицата кандидати. Со ова Советот на јавни обвинители како стручно тело кое ја следи работата на обвинителите не избра еден кандидат според нивната стручност, туку сега Владата може да избере кој сака од овие четворица кандидати.
Извор: Слободен печат.мк




