Published: Tuesday, March 3, 2026 09:55
Белград: Во тек е процесот на евакуација на српски државјани од Блискиот Исток, а првиот авион со 200 граѓани полета синоќа од аеродромот во Дубаи.
Аеродромот во Дубаи соопшти дека првиот лет од Обединетите Арапски Емирати кон Србија, по прекинот на летовите поради тензиите на Блискиот Исток, полетал околу 23.30 часот според средноевропско време.
Станува збор за авион „Боинг 737 Макс 8“ на авиопревозникот „Флај Дубаи“, со капацитет од 162 до 200 патници.




