Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССМ: Утре, вторник, во 11 часот со 21 човек ја блокираме владата!

0
By Zoran Ivanov on February 16, 2026 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 16, 2026 20:44

На денешната прес-конференција Сојузот на синдикатите на Македонија најави дека утре во 11 часот синдикалните претставници во име на работниците ќе ја блокираат Владата како дел од втората фаза синдикални активности за зголемување на работничките плати.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов најавувајќи ги утрешните блокади на Владините претставници закажани за 11 часот, изјави:

Почитувани работници … Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) како што најавивме го започнува третиот дел од втората фаза синдикални активности за зголемување на работничките плати со блокада на Владата.

Владата утре во 11 часот ќе биде блокирана од точно 21 човек, затоа што согласно Законот за јавни собири тоа е законскиот минимум за да ја блокираме некоја институција или некоја сообраќајница. Ќе бидеме 21 човек и затоа што некој кажа дека ќе ги заокружуваат луѓето што протестираат, дека ќе ги оцрнуваат луѓето што ќе протестираат и дека на таков начин сакаат да упатат порака до секој еден кој смета дека треба да излезе на улица и да даде поддршка на работниците, односно да се поддржи самиот себе во борбата за зголемување на платите.

Последната од блокадите пред Владата е токму поради тоа што Владата заедно со газдите, не се договорија до 31.12.2025 година за зголемување на минималната плата и за зголемувањето на останатите работнички плати. Владата ги остави работниците на минимална плата да се договараат со газдите за зголемување на минималната плата, а кога синдикатите и работодавачите минатата година се договорија за зголемување на сите плати за најмалку 6.000 денари, и за такво решение Владата да даде сопствен придонес преку ослободување од плаќањето на придонесите за задолжително социјално осигурување, денеска поради самобендисаноста на поединци во Владата, го чини државниот буџет или државната каса најмалку 10 милиони евра месечно или најмалку 120 милиони евра годишно. Јас мислам, дека тоа треба да ги загрижи сите, а пред се Министерството за финансии, затоа што работодавачите беа подготвени да ги зголемат платите за најмалку 6.000 денари и побараа одреден временски период да не ги плаќаат придонесите за задолжително социјално осигурување кои беа во висина од 3.000 денари или 50 евра од работник.

Последната блокада е токму пред Влада, затоа што оваа Влада ги блокира работничките плати долг временски период, за кој период само вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за 9.250,00 денари или едно четиричлено семејство е посиромашно за 9.250,00 денари.

Падна и последниот аргумент на Владините претставници кои заедно со газдите го зборуваа континуирано изминатиот период, а тоа е дека македонските работници не биле продуктивни, кога во реалноста македонските работници се премногу продуктивни за платите кои ги примаат или само 17 % од она што го создаваат како капитал на работодавачите се слева во платите на работниците или како пример 24.379,00 денари изнесува минималната плата месечно за еден работник, а 290.000,00 денари е продуктивноста која му ја создава работникот на работодавачот.

Сметаме дека по утрешната блокада ќе наидеме на разбирање од страна и на Газдите и на работодавачите затоа што видоа дека и покрај сите закани и покрај сите притисоци не се откажуваме и нема да се откажеме се додека не ја зголемат минималната плата на 600 евра и не ги зголемат сите останати плати за најмалку 6.000 денари.”

На новинарско прашање кое се однесува на тоа дека како што наближува месецот март дејствувањата на останатите социјални партнери наликува како да се тактизира и чека да се дојде само до законското усогласување на платите игнорирајќи ги барањата на ССМ и на работниците, Трендафилов одговори:

“Видоа дека сме сериозни во намерите да се бориме, а да не им се молиме. Тоа што веќе го најавивме е дека сме пред донесување на Одлука за генерален штрајк во јавниот и во приватниот сектор. Се разбира дека и потписите кои ги најавивме ќе ги собираме затоа што се глуви и Владините функционери и пратениците за Иницијативата на Сојузот на синдикатите на Македонија за намалување на функционерските плати, како и за Иницијативата за зголемување на минималната плата. Барањето од работниците и размислувањето на дел од синдикатите е да се организира уште еден голем работнички протест.

Кога дојдовме 12.000 луѓе на 28-ми јануари на улица, се исплашија. Кога излеговме по 21 човек, уште повеќе се исплашија и уште повеќе почнаа да не напаѓаат. Веројатно, следниот период ќе излеземе 20.000 работници на улица и многу повеќе од тоа, но не знам тогаш што ќе прават”.

На новинарско прашање за тоа колку е веројатно дека на генерален штрајк ќе излезат работниците во приватниот сектор, Претседателот на ССМ кажа:

“Сите работници бараат од Сојузот на синдикатите на Македонија да повика и да поведе генерален штрајк онака како што тоа го прават нивните колеги кои ги бранат, излегуваат и ги поддржуваат синдикатите во Грција, Белгија, Франција и во сите други западно-европски држави.

Сојузот на синдикатите на Македонија ќе донесе Одлука за организирање на генерален штрајк. Со таа Одлука, секој еден вработен и во јавниот и во приватниот сектор ќе биде заштитен. Генералниот штрајк според размислувањата треба да трае 24 часа. За време на генералниот штрајк нема да се изршуваат работните задачи и за време на генералниот штрајк ќе треба да ни се приклучат на улица во времето и часот кое ние ќе го определиме.

Секој работник сам бира дали ќе протестира и дали ќе штрајкува или нема. Доколку дел од работниците се заплашени, видоа дека лично јас како Претседател на ССМ не се плашам, видоа дека огромен број нивни колеги исто така не се плашат и сметам дека треба да застанат рамо до рамо затоа што на маса не не слушаат, а од улица видовме дека и тоа како не слушаат за овие 20-тина дена.“

На новинарското прашање кое се однесува на тоа дали генералниот штрајк ќе биде само во Скопје или и во сите други градови низ државата, Претседателот на ССМ кажа:

“Одлука за Генералниот штрајк ќе биде донесена за територија на цела држава. Сите работници во приватниот сектор ќе имаат право тој ден да дојдат на работа, а да не ги извршуваат работните задачи. Сите работници ќе имаат право тој ден да ни се придружат на протестот кој ќе го организираме во рамките на генералниот штрајк.

Колку повеќе ќе дојдат и се поддржат сами себе работниците, толку повеќе и ќе добијат. Тоа е од причина што гледаат дека доколку не се поддржуваат работниците меѓусебе, тогаш навистина претставниците на Власта, не само на оваа туку и на сите претходните, како и претставниците на работодавачите не само овие, туку и оние претходните не гледаат дека на работниците им треба плата.

Пораката која ја испраќаат работниците со стравот со тоа што не излегуваат на улица и не даваат поддршка на борбата со зголемувањето на платите, значи порака кон овие другите дека се задоволни од платите, дека се исплашени и дека ќе ја слушаат повеќе политиката отколку да се борат за својата плата. Поради тоа повторувам дека Генералниот штрајк ќе биде во сите градови. Сите работници ќе имаат можност да излезат да протестираат во своите градови.

Големиот работнички протест кој од нас работниците бараат да го организираме уште еднаш и да биде во неработен ден или во сабота или во недела, да биде со организиран превоз затоа што голем дел од работниците ни испратија пораки дека не можат самостојно да дојдат, но и видовме дека 12.000 луѓе самоиницијативно и самостојно, без организирање на превоз и без давање на сендвичи, како што тоа го прават политичките партии, излегоа на улица за достоинствени плати и услови за работа, и мислиме дека наредниот пат кога ќе организираме превоз за работниците, за сите оние работници кои од другите градови не можат да пристигнат на сопствен трошок во Скопје, тогаш бројот ќе биде далеку поголем”.

На новинарското прашање кое се однесува на тоа за кога е предвиден Генералниот Штрајк, Претседател на ССМ изјави:

За следните чекори ќе одлучуваме во текот на утрешниот ден или пред одржувањето на седницата на Владата или после одржувањето на седницата на Владата. Тоа што е утре симболично, со 21 човек блокирање на Владините претставници, а им е страв од тоа…е тоа што веднаш потоа имаат седница на Владата на која Владата може да донесе Одлука за зголемување на работничките плати, за прифаќање на предлогот на работниците за зголемување на минималната плата и за ослободување од плаќањето на придонесите за задолжителното социјално осигурување за работодавачите да можат да го поднесат товарот.

Продуктивноста за која Владата ни зборуваше и која беше најголемиот изговор за да не се зголемат платите на работниците, затоа што ако се зголемеле платите на работниците, тие не биле продуктивни и немало да може на таков начин да се зачуваат бизнисите, покажа огромна разлика …или како што кажавме 17% од тоа што им го создаваме на месечно ниво доаѓа за нашите плати, разликата може да замислите каде оди.

 

најава прес протест ССМ ттррендафилов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
ФОКУС
March 16, 2026Updated:March 16, 2026

Нов брз удар по џебот на граѓаните – горивата пак поскапеа

ВЕСТИ March 16, 2026

Значително поскапување на горивата стапува на сила од ноќеска на полноќ, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе…

Молитва за упокоените, гласна тишина и шеесет и три столчиња во Паркот на револуцијата во Кочани

March 16, 2026

Една година од несреќата во Кочани: „2 часот и 32 минути. Во ‘Пулс’. Во тој миг 63 млади срца престанаа да чукаат меѓу нас“

March 16, 2026

Генералниот секретар на ИТУЦ до Мицкоски: Загрижени сме за притисоците врз синдикатите

March 15, 2026
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.