Колоната од демонстранти, предводена од студентите, штотуку пристигна на платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, јавува репортерката на НОВА, Славица Филиповска.
Во моментот тие скандираат „Автономија“ и „УКИМ да се одважи“ алудирајќи на скандалозните студентски избори кои се спроведоа вчера.
Засега не се знае кои ќе бидат следните чекори на студентите.
Колоната демонстранти тргна од пред зградата на СПУКМ и се движеше низ центарот на СКопје, заедно со полицијата која беше предупредена дека не смее да влезе на универзитетот без дозвола од ректорот.
Додека студентите се собрани на платото на УКИМ, полицијата остана на влезот на универзитетот. Во моментот студентите на разглас пред присутните родители и граѓани ги образложуваат причините за денешниот протест.
Тие велат дека очекуваат јасна осуда од Ректоратот на УКИМ за нелегалните избори на студентски лидер.
Студентите соопштија Ректорот свикал итна седница на Ректоратот за во понеделник. Тие очекуваат сите членови на Сенатот да се одважат против вчерашните избори.




