Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студентите најавуваат блокада на изборите за претседател на СПУКМ

0
By Нова ТВ on June 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 29, 2016 13:03

Доколку Студентскиот Парламент остане на одлуката утре да спроведе избори за нов претседател, ќе се соочи со нова студентска блокада, предупредуваат од Студентскиот Пленум.

Пленумци велат дека во услови кога на последната седница на Сенатот договорено е да се формира Комисија која до 15. септември треба да  изготви предлог измени во Статутот за студентското дејствување, нелогично е сега да се спроведуваат избори.

-Студентите сега ќе имаат шанса да го изменат Статутот да го демократизираат студентското организирање и да го отворат процесот за сите студенти на УКИМ. Затоа ги повикуваме сите студентите утре 12 часот на платото на УКИМ да се приклучат на блокадата на студентските избори. Потсетуваме дека тоа не е кривично дело бидејќи ние сите сме членови на Студентскиот Парламент и сме обесправени во делот да можеме да кандидираме кандидат, да имаме пристап до правните акти, пристап до Собранието и состаноците каде се носат одлуките и затоа студентите имаат апсолутно право да спречат избори кои се крајно нелегални, изјави Ивана Туфегџиќ – членка на Студентскиот Пленум.

Изборите за нов студентски претседател се закажани за утре во 12 часот во просториите на УКИМ.  Поднесени кандидатури имаат студентите Давор Поповски од Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Стефан Василевски од Медицинскиот факултет.

Пленумци апелираат изборите да се одложат пред да се случат какви било блокади.

Тие досега во повеќе наврати аплармираа за незаконитоста околу целата постапка за спроведување на студентските избори.Пред две недели тие упаднаа во просториите на Студентскиот Парламент со цел да добијат информации според кој Правилник се организирани изборите, зошто без избор и јавно истакнат оглас на сите матични факултети и  во сезона кога студентите се надвор од Скопје и немаат можност да гласаат.

Пленумци посочија дека рокот бил скратен за 10 дена, што според нив во таков кус рок невозможно е да се соберат 3 илјади студентски потписи за поднесувањ на кандидатура.

Актуелниот претседател на Студентскиот Парламент, чиј мандат е истечен пред две години, вели дека треба д аим се даде шанса на студентите да спроведат избори.

-Матичните факултети се посебни правни тела, јас не сум надлежен, можам само да кажам дека изборите се организирани согласно Статутот, сите имаа шанса да поднесат кандидатури и да се информираат соодветно со писмени барања, тоа е мојот коментар.

Писмено да се обратат за целата постапка беше одговорот на Спироски и во текот на расправијата со Пленумц, кога дел од членовите на Парламентот, ги обвинија студентите кои бараат одговори дека се платеници на СОРОС.

ВИДЕО: ЖЕСТОКА СТУДЕНТСКА РАСПРАВА ВО СТУДЕНТСКИОТ ПАРЛАМЕНТ (13.06.2015)

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија тврди дека Полска е вмешана во атентатот врз рускиот генерал

February 9, 2026

Социјалистот Антонио Хозе Сегуро убедливо победи на претседателските избори во Португалија

February 9, 2026

Албанија ја укина едногодишната забрана на „Тик-ток“

February 5, 2026

Американската амбасада во Приштина: Одлуката за Српската листа го поткопува партнерството меѓу САД и Косово

February 3, 2026

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026
ФОКУС
February 9, 2026

Скопје: ССМ повикува на блокада на пратениците пред собранието – утре, вторник 9:00

ВЕСТИ February 9, 2026

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) врз основа на заедничката Одлука на Претседателството на ССМ…

Утре во 9 часот почнува работнички протест со блокада на пратениците

February 9, 2026

НСПВ: Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани

February 8, 2026

Нови руски напади во Украина

February 8, 2026
ТИКЕР

Русија тврди дека Полска е вмешана во атентатот врз рускиот генерал

February 9, 2026

Социјалистот Антонио Хозе Сегуро убедливо победи на претседателските избори во Португалија

February 9, 2026

Албанија ја укина едногодишната забрана на „Тик-ток“

February 5, 2026

Американската амбасада во Приштина: Одлуката за Српската листа го поткопува партнерството меѓу САД и Косово

February 3, 2026

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.