Студентски пленум денеска на Фејсбук профилот се огради од „jавните и приватните ставови на Ивана Туфегџиќ“ која се најде на пратеничките листи на СДСМ.
– Во врска со написите кои излегоа во медиумите дека како деветти кандидат во првата изборна единица во избирачката листа на СДСМ се јавува претставник на Студентски пленум остро ги отфрламе како неточни.
Студентски пленум како активен чинител во општественото и политичко уредување во Република Македонија јавно и недвосмислено се оградува од jавните и приватните ставови на Ивана Туфегџиќ.
Заклучно, Студентски пленум нема репрезент на претстојните избори па граѓаните и граѓанките студенти кои ги споделуваат принципите на Студентскиот пленум единствено можат да придонесат преку активно вклучување во него, се вели во објавата на Фејсбук профилот на оваа организација.




