Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот го потврди планот за реорганизација на ФЕНИ

0
By Нова ТВ on July 16, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото МИА (Архива)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судијката Валентина Ѓорѓиевска ја потврди одлуката што ја донесе Собранието на доверители на четврти јули со која е прифатен планот за реорганизација на „Фени Индустри“. Планот како позитивен и перспективен беше изгласан и прифатен со 96 отсто мнозинство од доверителите.

Како што соопштија од компанијата, прифаќањето на планот значи конечно излегување на „Фени Индустри“ од стечајот и завршување на деветмесечната неизвесност за опстојување на комбинатот. Планот, што е поднесен од ГСОЛ/ „ЕуроНикел“ предвидува нова иднина за комбинатот, поткрепена од крупни инвестициски потфати.

„Реорганизацијата со инвестициските планови ќе донесе зголемување на производните капацитети, нови вработувања, рестартирање на втората производна линија, пазарна експанзија и зголемување на извозните можности. Реализирање на планот за реорганизација на „Фени“ има позитивни импликации за целиот кавадаречки регион, но и за македонската економија. Покрај редовните плати на повеќе од 800 вработени и тековно зголемување на нивниот број, „Фени“ соработува со приближно 200 компании од Кавадарци и околината, а базата на добавувачи на „Фени“ вклучува над 1000 домашни компании, чие успешно опстојување е директно поврзано со работењето на ФЕНИ“, велат од компанијата.

Планот за реорганизација и намерите на сега единствениот инвеститор во „Фени Индустри“, ГСОЛ/ ЕуроНикел, како што наведуваат од компанијата, е позитивно оценет и од Синдикатот на индустријата, енергетика и рударство (СИЕР), кои настојуваа стечајната постапка да се заврши што е можно побрзо и комбинатот да продолжи со работа.

ГСОЛ/ ЕуроНикел досега инвестираше повеќе од 80 милиони евра во „Фени“.

Комбинатот отиде во стечај со долг од 67 милиони евра и повеќе од 250 кредитори. ГСОЛ ги исплати сите доверители и ги откупи долговите на „Фени“, и со тоа стана најголем доверител на кавадаречката компанија, а по одлуката на Собранието на доверители и на стечајниот судија и сопственик на „Фени Индустри“ АД.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.