Ракот не прави разлики. Го засега секој, без оглед на возраста, полот или статусот. Но, заедно можеме да направиме разлика. Денес, на Светскиот ден за борба против ракот, Асоцијација и платформа за едукација и превенција од рак и поддршка на пациентите болни од рак „Се за рак“ се приклучува кон глобалната иницијатива „Обединети преку уникатност“ , нагласувајќи ја важноста на индивидуалните приказни и заедничката сила во борбата против оваа болест.
Ракот во бројки:
10 милиони луѓе годишно умираат од рак ширум светот.
40% од случаите на рак се превентивни со правилна исхрана, редовни прегледи и здрави животни навики.
Рано откривање ја зголемува шансата за преживување и е клучно за успешен третман
Светскиот ден за борба против ракот е повеќе од датум – тоа е глобален повик за свесност, акција и поддршка. Оваа година, со мотото „Обединети преку уникатност“, се истакнува важноста на секоја индивидуална приказна, секоја битка и секој успех во справувањето со ракот.

