Куп на Македонија: Шкендија и Пелистер по втора титула

Тетовци се бранители на тронот, но гледаат и шанса за спас на сезоната кога веќе ја загубија првенствената битка со Вардар. Битолчани, пак, посакуваат реприза од 2001 година кога прв и единствен пат засега го подигнаа пехарот. Финалето е попладнево (17 ч.) на стадионот „Младост“ во Струмица

Фудбал, Куп на Македонија: Четврто финале за Шкендија и за Пелистер

Тетовци загубија во реваншот на домашен терен од Вардар со 0:1, но благодарение на триумфот со 3:1 во првата средба ќе играат за титулата по четврти пат како и битолчани. Двата тима досега имаат по една победа и два пораза

Фудбал, ПМФЛ: Вардарци ставија рака на шампионскиот трофеј

Бранителот на титулата подобар од Пелистер на „Телеком арена“ со 3:1, Шкендија ремизира со Ренова (1:1), па скопските „црвено-црни“ сега имаат 11 бода повеќе од тетовските за кои Купот на Македонија останува опција за спас на сезоната

Во Штип за првпат фудбал под рефлектори: Брегалница – Пелистер 2:2

Блесна светлина на градскиот стадион во градот под Исар, но штипјани не успеаја, историскиот момент, да го крунисаат со победа во првиот полуфинале дуел во фудбалскиот Куп на Македонија. Претходно во Скопје, Шкендија триумфира против Вардар со 3:1. Реваншите ќе се играат на 19 април

Фудбал, ПМФЛ: Пелистер со три бода на „Телеком арена“

Битолчани го совладаа Работнички со 1:0 во дербито на 13 коло во Првата лига. Вардар ја совлада Брегалница во Кочани со 1:0, Шкендија подобра од Победа во Битола со 2:1. Скопските „црвено-црни“ останувааат на плус 7 од тетовските