Published: Friday, August 19, 2016 17:44
Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска на барање на Специјалното јавно обвинителство му го продолжи куќниот притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески за нови 30 дена, соопшти судот.
Истовремено, Апелација ја одби и неговата жалба.
– Денес Апелационен суд Скопје го потврди решението на кривичниот совет на Одделението за организиран криминал за осомничениот В.Т. кој е дел од предметот на СЈО во јавноста познат како „Транспортер“, а ја одби жалбата на осомничениот против мерката куќен притвор, се вели во соопштението.
Ова е второ барање на СЈО за продолжување на притворот на Талески, кој истекуваше утре. СЈО бараше притвор за Талески, но судот досуди куќен притвор.




