Тензична е атмосферата пред Собранието на влезот од страната на Домот на АРМ, каде што 30 специјалци максимум, го чуваат влезот, а 50 до 100 луѓе се обидуваат да влезат.

Засега нема полициско засилување, нема приведени ниту повредени но десетина демонстранти претходно успееја да дојдат пред прес-центарот на Собранието.

Тие направиле помала штета, но биле отстранети од обезбедувањето, како што јави репортерката на НОВА.

Пред Собранието се обрати еден од предводниците на демонстрантите од „Заедничка Македонија“, Богдан Илиевски кој рече дека ќе останат надвор, додека внатре помеѓу демонстрантите се актерот Владо Јовановски, потоа Борис Дамовски и други.

принтскрин од внатре од Собраниската сала

Собраниската сала е окупирана од демонстранти.

Со 61 ЗА, 0 против и 0 воздржани, беше избран за нов спикер, Талат Џафери.