Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тевдовски: Фискалната транспарентност со добра оценка во Брисел

0
By Нова ТВ on May 26, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Реформските напори што ги прави Македонија во фискалната сфера биле тема на разговор на денешната средба во Брисел меѓу министерот за финансии Драган Тевдовски и еврокомесарот задолжен финансии и даноци, Пјер Московиси.

– Зборувавме за стратегијата за управување со јавните финансии којашто ја имаме направено заедно со ЕУ и претставува повеќегодишен акциски план што треба да се направи за достигнување на ЕУ стандардите. Многу е важно што Европската комисија ги цени работите што ги направивме во фискалната транспарентност, бидејќи во поранешните извештаи Македонија била негативно оценета, изјави Тевдовски за МИА.

ЕК, додаде, е задоволна од повеќе мерки што ги носи Македонија како објавувањето на граѓански буџети при создавање ребаланс на буџетот и податоци кои не и биле достапни на јавноста порано, како што е извршувањето на буџетот на различни нивоа, од централна власт до општини. Од Брисел е поздравена и обврската за сите во системот да се објавуваат договорите на платформата за јавни набавки во целост.

– Македонија е најдобро оценета во регионот на Западниот Балкан и Турција за имплементирање на препораките во економската програма за реформи, изјави Тевдовски по средбата.

Остануваат, посочи, уште реформи на европскиот пат за Македонија.

– Годинава треба да се донесе нов закон за буџети, којшто ќе треба да донесе подобро среднорочно буџетско планирање, како и нов закон за јавни набавки. Тој процес беше отворен со консултации, со јавноста, со коморите и со невладините организации. Има уште ред други чекори кои ги правиме, но клучно е што првпат Македонија има стратегија за реформа на јавните финансии која е среднорочна до 2021 година и практично е одобрена од страна на ЕУ и работена со нив. Тоа е многу различно од она во што се правеше во минатите години со ад-хок менување на елементи во системот, потенцираТевдовски.

Од кабинетот на Московиси за МИА по средбата кусо изјавија дека ова било „прилика за размена на гледишта за економските перспектива на поранешната југословенска Република Македонија и напредокот во имплементацијата на нејзината економска реформска програма“, без повеќе детали.

МИА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.