Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трајанов поднесува измени на законите за СЈО и заштитени сведоци

1
By Нова ТВ on October 5, 2016 ПОЛИТИКА
Павле Трајанов - претседател на Демократскиот Сојуз
Павле Трајанов - претседател на Демократскиот Сојуз
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 5, 2016 08:42

Пратеникот од Демократскиот сојуз Павле Трајанов денеска ќе поднесе предлог за измени на законите за СЈО и за заштитени сведоци по редовна постапка. На вчерашното гласање за продолжување на рокот на СЈО и Закон за заштита на сведоци, Трајанов не гласаше воопшто, затоа што не ни беше присутен на седницата.

Вчерашните измени беа поднесени по скратена постапка, и за разлика од нив, за овие кои тој ги поднесува ќе се расправа прво во комисиите, па потоа тие ќе одат на пленарна седница.

Според Трајанов, битно за овие измени да има расправа во Собранието.

Залагањата на специјалната обвинителка Катица Јанева за измени во Законот за заштита на сведоците и за продолжување на рокот на постоењето на СЈО, што ги поднесе пратеничката група на СДСМ, вчера не беа изгласани во Собранието

Од присутните 103 пратеници на гласањето за Законот за заштита на сведоците, измените наидоа на поддршка од 42 пратеници, додека против гласаа 52. Останатите биле присутни но не гласале, а меѓу нив и пратеничките Солза Грчева и Роза Топузова-Каревска кои вчера во изјава за НОВА, рекоа дека тие се за измените кои ги бара Јанева.

Со 36 за и 54 против од вкупно 90 пратеници, не помина ниту предлогот за измена на Законот за Специјалното јавно обвинителство со кое се бараше продолжување на рокот за постоење на ова Обвинителство.

Пратеничките Солза Грчева и Роза Топузова-Каревска исто така биле присутни на седницата но одлучиле да не гласаат. Не гласал ниту координаторот на Пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери, кој ги поддржа измените во Законот за заштита на сведоци, но одлучил да не гласа за рокот на постоењето на СЈО. Пратениците на ДПА ги поддржаа измените на законите.

За измените за Законот за СЈО, 4 пратеници од ДУИ гласаа ЗА, додека 8 се изјаснија ЗА за измените за заштитени сведоци. Иако Џафери претходно за НОВА најави дека ДУИ ќе ги поддржи измените на законите кои ги побара Јанева, со неприсуството на дел од пратениците на ДУИ, тие не ги поддржаа целосно законските измени.

Гласовите против двата предлога на Јанева пак, претежно се од владејачкото мнозинство.

НОВА вчера анализираше дека и без ВМРО-ДПМНЕ, законите може да бидат изгласани доколку за нив, заедно со СДСМ, гласаат сите независни пратеници, како и партијата ДПА.

Петре Шилегов веднаш по седницата во име на предлагачот рече дека гласањето содржело сериозни политички пораки, бидејќи СЈО проилезе од Пржино.

Имено иницијативите на Јанева до пратениците произлегуваат од барањето на СЈО да може да навлезе во сржта на предметите „Нешковски“, „Монструм“ и „Сопот“.

Кој гласаше против измените во Законот за заштита на сведоците?

stenogramВладанка Авировиќ, Момчило Аврамоски, Сашо Аќимоски, Амди Бајрам, Мирјана Хаџиевска, Трајко Вељаноски, Славе Гошев, Драган Данев, Весна Дамчевска-Илиевска, Благоја Деспотовски, Милка Христова, Трајчо Димков, Илија Димовски, Љупчо Димовски, Зоран Ѓорѓиевски, Лилјана Затуровска, Иван Иванов, Зоран Илиоски, Фатмир Имероски, Марија Ангелова Ѓоко Камчев, Светлана Јакимовска, Светлана Карапетрова, Марјанчо Колевски, Лилјана Кузмановска, Благица Ласовска, Ане Лашкоска, Магдалена Манаскова, Стојан Миланов, Антонијо Милошоски, Слаѓана Митовска, Никола Мицевски, Крсто Мукоски, Олга Најденоска, Авдија Пепиќ, Васил Пишев, Алим Билали, Даниела Рангелова, Чедомир Саздовски, Сузана Секуловска, Јасминка Дамческа, Андон Чибишев, Благородна Бојаџиева, Димитар Стевананџија, Иван Стоилковиќ, Александар Стојкоски, Соња Талевска, Ѓорѓи Коџабашиев, Дајанчо Ефтимов, Кенан Хасипи, Нада Ципушева и Драган Цуклев, сите од владејачката коалиција гласаа против.

stenogram2Сашо Василевски, Солза Грчева, Мирсада Емини-Асани, Стојко Пауновски, Весна Пемова, Ејуп Рустеми, Мирван Џемаили, Муса Ибраими и Роза Топузова-Каревска одлучиле да не гласаат.

Кој гласаше против предлогот за продолжување на рокот за постоењето на СЈО?

Сите од владејачкото мнозинство кои гласаа против измените во Законот за заштита на сведоците гласале и против продолжувањето на рокот на СЈО, плус пратеничката Весна Пемова, додека Солза Грчева, Реџаил Исмаили, Мирсада Емини-Асани, Мирван Џемаили, Селвије Салиу, Шпреса Хадри, Муса Ибраими, Талат Џафери, Ејуп Рустеми и Тоза Топузова-КАревска биле присутни но не гласале.

stenogram3Пратениците Зулфи Адили и Љубица Буралиева ги поддржаа и двата предлога како што и нагласија претходно.

 

*со кликање на фотографиите, тие се појавуваат во оригиналниот формат

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.