Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

0
By Zoran Ivanov on November 13, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа го потпиша законот за финансирање со кој заврши  најдолгата блокада во работата на една влада во историјата на САД, кратко откако Претставничкиот дом ја изгласа мерката, јави ДПА.

Потписот на Трамп, кој се сметаше за формалност откако мерката беше усвоена во двата дома на Конгресот, стави крај на 43-дневниот застој што остави стотици илјади федерални вработени без плата и ги наруши јавните услуги, потсети германската агенција.

Значи, со мојот потпис, Федералната влада сега ќе продолжи со нормалното работење, а мојата администрација и нашите партнери во Конгресот ќе продолжат со нашата работа за намалување на трошоците за живот, враќање на јавната безбедност, раст на нашата економија и Америка повторно да ја направи прифатлива , рече Трамп додека го потпишуваше законот.

„Ова е одличен ден“, продолжи тој додека новинарите беа водени од Овалната соба веднаш по потпишувањето.

Претходно вчера, 222 члена на Претставничкиот дом на САД гласаа за преодниот буџет, што треба да ја финансира владата до крајот на јануари, а 209 беа против.

Републиканците имаат тесно мнозинство во Претставничкиот дом. Речиси сите републиканци и неколку демократи гласаа за мерката, јави ДПА.

Блокадата започна на 1 октомври, бидејќи републиканците и демократите не успеаја да се договорат за новиот федерален буџет. Без план за трошење одобрен од двата дома на Конгресот, нема проток на пари во владините агенции.

Платите за федералните работници, војската и програмите за социјална помош се финансираат преку федералниот буџет.

Републиканците на Трамп и опозициските демократи со недели наназад водеа жестока расправија околу буџетот, а таа беше фокусирана на трошоците за здравствена заштита.

Беа потребни неколку демократски гласови за законот да помине во Сенатот на САД, бидејќи републиканците имаат тесно мнозинство таму со 53 од 100-те места во комората, а за законот беа потребни најмалку 60 гласа.

Демократите со недели одбиваа да поддржат компромис. Меѓутоа, во текот на викендот, неколку демократи го сменија својот став, отворајќи го патот за гласањето во понеделник, кога Горниот дом ја усвои мерката.

Преодниот буџет важи само до крајот на јануари. Доколку дотогаш не се усвои редовен буџет, може да има уште една блокада во февруари, потсетува ДПА.

закон поптпиѓа Трамп финансирање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Форбс: Богатството на Илон Маск порасна на 677 000 000 000 долари

December 16, 2025

Апелација од 12 на 13 години му ја зголеми казната на возачот кој ја прегази Фросина Кулакова

December 15, 2025

Лувр затворен – персоналот штрајкува

December 15, 2025

Градот на светлината без новогодишни светла на Шанзелизе

December 14, 2025

Најмалку 10 убиени во пукање на плажата Бонди воглавниот град на австралискиот Нов Јужен Велс

December 14, 2025
ФОКУС

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

ВЕСТИ December 16, 2025

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот…

САД: Разговараме за договор што обезбедува силни гаранции за безбедноста на Украина

December 15, 2025

Сиднеј: Татко и син поврзани со „Исламска држава“ се терористите кои убија 15 лица во антисемитскиот напад на плажата Бонди 

December 15, 2025

Будимпешта: Илјадници на улиците – граѓаните бараат оставка од Орбан по скандалот со злоупотреба на деца

December 14, 2025
ТИКЕР

Форбс: Богатството на Илон Маск порасна на 677 000 000 000 долари

December 16, 2025

Апелација од 12 на 13 години му ја зголеми казната на возачот кој ја прегази Фросина Кулакова

December 15, 2025

Лувр затворен – персоналот штрајкува

December 15, 2025

Градот на светлината без новогодишни светла на Шанзелизе

December 14, 2025

Најмалку 10 убиени во пукање на плажата Бонди воглавниот град на австралискиот Нов Јужен Велс

December 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.