Да не е се така црно за луѓето, а успешно за власта која систематски работи против народот и државата, имаме мали спектакли какви што се посетата на Славко на македонските златни резерви во Лондон, настан кој во низа пабови е прогласен за најглупата пројава на еден гувернер, расправата за линеарното зголемување на пензиите со притисок врз Уставниот суд, чистење на ѓубрето и чекање да се натрупа ново за да имаме и ново чистење, потоа за тоа кога мисли Филипче да си поднесе оставка, поширока расправа за Уставниот суд и Кацарска, за јавниот обвинител, работи што се прават во секоја поголема и добро зачадена кафеана, под дејството на беровска шливка и кавадаречка и неготинека лоза. Трла баба лан.
Бранко Тричковски
Мицко чека гаранции од Европа и вика дека ако прифатиме да не сме Македонци, веднаш ќе добиеме одлични оценки и ќе бидеме најдобри.
Па добро, ако тој гарантира дека е така и ако изборот на новата припадност е добра и звучи добро и богато, не гледам зошто мораме да останеме Македонци по секоја цена.
Што имам јас од тоа што сум Македонец.
Тоа е клучното прашање што сите треба да си го постават, а не со припадноста да бидеме уценувани и приморувани да прифаќаме секакво понижување и да гледаме хипнотизирани во едни исти неподносливо глупави изјави на премиерот и маруларката од Шато Водно. Значи што имаме ние од македонството свен што тоа ни гагантира власт и атмосфера кои не би можеле да ги поднесат дури и животните во Зоолошката градина.
Немало да бидеме Македонци!
Та преку таквото.
Претерувам малку, се разбира, но не премногу.
Хахаха!
Еве, една мала аргументација, не против Македонците туку против нивната несреќа и драма која во режија на вмро се заканува да се претвори во трагедија:
Наскоро на Хрватска ќе и стигне уплата од преку една милијарда евра од инструментите на Европа од идната генерација. Европската комисија во понеделникот позитивно го оцени седмото хрватско барање за плаќање во износ лд 1.1 милијарди евра во рамките на овие инструменти, односно од Механизмот за обнова и отпорност. Тоа се средства наменети за поттикнување на екиномскиот раст и отпорноста на Хрватска.
Утврдено е дека Хрватска ги спровела реформите и вложувањата на добробит на граѓаните и претпријатијата, насочени кон клучните подрачја на социјалните услуги. пазарот на работната сила, деловното окружување, дигитализацијата на државните услуги, енергетиката, прометот, стопанисувањето со водите и отпадот како и развијот на пазарот на капиталот и академската соработка. Тие постигнувања, смета Европската комисија, и овозможуваат на Хрватска да ги исполни 22 клучни етапи од 31 целни вредности поврзани со седмото
Плаќање во рамките на Планот за заздравување и отпорност.
Во исто време Европскиот совет подготви документ за Македонија кој ќе биде разгледуван на 19. декември, во кој се констатира дека државата односно власта ништо од реформите не оствариле во ниту еден сектор, освен во усогласеностите во надворешната политика и дека поместувањето на Бугарите во Уставот и почитувањето на Договорот до Бугарија заедно со двата протокола, е услов за почетокот на преговорите.
Да не е се така црно за луѓето, а успешно за власта која систематски работи против народот и државата, имаме мали спектакли какви што се посетата на Славко на македонските златни резерви во Лондон, настан кој во низа пабови е прогласен за најглупата пројава на еден гувернер, расправата за линеарното зголемување на пензиите со притисок врз Уставниот суд, чистење на ѓубрето и чекање да се натрупа ново за да имаме и ново чистење, потоа за тоа кога мисли Филипче да си поднесе оставка, поширока расправа за Уставниот суд и Кацарска, за јавниот обвинител, работи што се прават во секоја поголема и добро зачадена кафеана, под дејството на беровска шливка и кавадаречка и неготинека лоза.
Трла баба лан.
Ова се вика драги мои судбоносно мирновременско злосторство помогнато од жртвите кои уживаат во тоа власта да ги заебава до последниот здив. На жртвите, нормално.
Неверојатно.
Од Фејсбук ѕидот на авторот

