Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уште три меѓународни признанија за „Мајка“ на Теона Стругар Митевска

0
By Xhabir Deralla on November 10, 2025 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 10, 2025 13:58

По својата успешна светска премиера, најновиот филм на Теона Стругар Митевска, „Мајка“, продолжува да ја освојува меѓународната филмска сцена. Во текот на само една недела, филмот доби три значајни награди на престижни фестивали ширум светот:

Специјално признание на Haifa International Film Festival (Израел),

Награда за најдобра режија на Euro Balkan Film Festival во Рим (Италија),

Награда за најдобар уметнички придонес на Tokyo International Film Festival (Јапонија).

Жирито на фестивалот во Хаифа во своето образложение истакна:

 Во текот на една недела, во ограничен и аскетски простор, ‘Мајка’ нуди редок поглед во наелектризираниот и сложен внатрешен свет. Режисерката со храбра и прецизна рака ја прикажува митската фигура на Мајка Тереза како човечна, ранлива и жедна за простување, создавајќи исклучително визуелно и духовно искуство.

Филмот, во кој Номи Рапас ја толкува улогата на Мајка Тереза, а во актерската екипа се и Никола Ристановски и Силвија Фокс, е инспириран од животот на една од највлијателните хуманитарки на 20 век. Сценариото е дело на Теона Стругар Митевска, Гоце Смилевски и Елма Татарагиќ, а продуцентка е Лабина Митевска.

По светската премиера на Венецијанскиот филмски фестивал, каде што го отвори програмскиот сегмент „Хоризонти“, „Мајка“ се претстави пред македонската публика во рамка на ИФФ Браќа Манаки, а наскоро повторно ќе биде на кино репертоарот со проекции во Кинотека. Паралелно започнува и дистрибуција низ Европа со отворањата во Белгија и Франција.

Овие нови признанија претставуваат уште едно големо достигнување за македонската кинематографија и потврда на уникатниот авторски глас на Теона Стругар Митевска.

 

мајка награди теона ффилм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026

Австралија им даде азил на пет ирански фудбалерки

March 10, 2026
ФОКУС
March 13, 2026Updated:March 13, 2026

Скопје: Протест на работниците за подоинствен живот – стартува во 12.05, сабота, 14-ти март од пред Домот на синдикатите

ВЕСТИ March 13, 2026

Овој протест не е само собир. Тој е огледало во кое секој работник може да…

Слободан Трендафилов: Добро утро на сите, освен на тие што се против зголемување на платите!

March 13, 2026

Рочиште „Пулс“: Објектот воопшто не ги исполнувала безбедносните противпожарни норми

March 12, 2026

Иран ја префрла војната на море – напаѓа во Заливот

March 12, 2026
ТИКЕР

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026

Австралија им даде азил на пет ирански фудбалерки

March 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.