Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Усвоена завршната сметка на Буџетот за 2017 – намален јавниот долг

0
By Нова ТВ on July 23, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието ја усвои завршната сметка за Буџетот за 2017 година во рамки на денешното продолжение на 53. седница.

– Изминатата година успешно се управувало со јавниот долг и како резултат на тоа во 2017 година, првпат после 9 години јавниот долг како процент од БДП е намален, рече министерот за финансии Драган Тевдовски во минатонеденото експозе пред пратениците.

Тевдовски потсети дека новата Влада во јуни лани затекнала брзорастечки јавен долг, кој од 1,5 милијарди евра во 2008 година е зголемен на 4,7 милијарди евра во 2016 година. Од претходната влада се наследени доспеани, а неплатени обврски насекаде низ системот.

По доаѓањето на власт на сегашната Влада, како што рече министерот, економскиот раст во втората половина од 2017 влегол во позитивна зона, со стапка на раст од 0,7 проценти. Приватната потрошувачка и извозот во текот на минатата година пораснале, додека невработеноста се намалила на 22,4 проценти.

Во однос на приходите во буџетот, министерот посочи дека имало солидна наплата и оти таа била повисока во однос на претходната година за 6,1 процент, а во однос на расходите редовно се покривале сите обврски на државата.

– Со Ребалансот од август 2017 од една страна беа скратени непродуктивни трошоци, трошоци за реклами, патни трошоци и репрезентација, и слично, а од друга страна беа овозможени мерки кои обезбедуваат подобрување на животниот стандард на граѓаните или поддршка на претпријатијата. Минималната плата беше зголемена на 12.000 денари и таа придонесе просечната нето-плата да биде порасне за повеќе од 5%, при што секторите за текстил, облека и кожа забележаа двоцифрен раст на платите. Активните мерки за вработување се зголемија. Беа обезбедени и средства за решавање на материјалното обезбедување на стечајните работници, кои дотогаш не беа опфатени со постојните законски решенија, рече Тевдовски.

Тој посочи дека минатата година капиталните расходи се реализирани на историско највисоко ниво во износ од 19,86 милијарди денари, и се за 2,89 милијарди денари повисоки во однос на реализацијата во 2016 година.

Буџетскиот дефицит е реализиран во износ од 16,86 милијарди денари или 2,7% од БДП. Тоа е за 1,71 милијарди денари помалку од проектираното со буџетот

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.