Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велемајсторската шаховска партија на Вашингтон за редефинирање на глобалните односи ги матираше „заслепените“ Пекинг и Москва

0
By Zoran Ivanov on March 2, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 2, 2026 00:46

Кој го контролира Авганистан, ја контролира Евроазија; кој ја контролира Евроазија, ја контролира судбината на светот“.

Збигњев Бжежински – The Grand Chessboard: American Primacy and Its Geostrategic Imperatives“

Сеад Ризвановиќ

Доналд Трамп: Политичка темпирана бомба или внимателно подготвена дистракција за американските противници.

Кога претседателот Доналд Трамп го започна својот втор мандат, неговата надворешна политика и јавните пораки на прв поглед изгледаа како продолжение на првиот мандат — само порадикализирани, понепредвидливи и поконфронтациски. Агресивните мерки кон Мексико и земјите со муслиманско мнозинство се повторија, од строги мерки за имиграција до ограничувања на патувањата само се зајакнаа. Фамозните тарифи и јавните спорови со сојузниците како Канада и Данска околу Гренланд го оставија светот збунет и многу сојузници загрижени.

Во Европа, тензијата околу буџетите за одбрана и ‘менаџирањето’ на војната во Украина не беше случајна. Тие бранувања беа продолжение на „романсата“ што Трамп ја започна во првиот мандат а се состојат од: разнишување на старите сојузи, барање другите да преземат повеќе одговорност, и поставување прашања за долгогодишните обврски на сојузниците.

Во исто време продолжи цврстата политика кон американските долгорочни ривали Кина и Иран, што не беше изненадување.

Но, ако се отргнеме од очигледното и она што го сервира дневната политика и се обидеме да ја видиме големата слика, време е да ги поставиме прашањата: што ако Доналд Трамп не е политички темпирана бомба по случајност? Што ако тој беше доведен на власт од истите елити кои често остануваат невидливи, или од т.н. „длабока држава“, и тоа со многу специфична цел: конечно да ги спроведе главните стратешки цели на САД кои беа одложувани со децении затоа што никој не сакаше да ја плати политичка цена?

Трамп, неконвенционален и ослободен од традиционалните политички норми, ја гледа моќта преку различен призма. Додека политичарите пресметуваат ризици, управуваат со имиџот и бараат консензус, тој го крши нормалното, ги шокира сојузниците и јавно ги предизвикува традициите. И сепак, под хаосот постои логика: се носат најтешките одлуки: цврста контрола на имиграцијата, притисок врз режимите во Латинска Америка, и цврстата линија кон Иран и Кина го откриваат мозаикот на долгорочните интереси на САД кои долго време беа оставени настрана.

Зошто сега, и како се градеше илузијата пред светот

Моментот е критичен за Соединетите Американски Држави. Секој сериозен институт или тинк-тенк и сите стратешки прогнози укажуваат исто: Кина се развива со неприкосновена брзина. Нејзината економска и воена моќ расте брзо, и во рок од една до три децении може да се спореди или веројатно и да ја надмине воената и економска моќ на САД. Со тоа за Вашингтон се создава опасност за прераспределба на глобалниот баланс на моќ во 21 век.

Токму затоа планерите во САД создаваат операција за дефинирање на светскиот распоред на силите за следните педесет години. Сите активности во Латинска Америка, Блискиот исток или Југоисточна Азија, секој економски или дипломатски потег кон Европа, Русија или Кина, се дел од една голем стратешки маневар за обезбедување на американската доминација во следните децении.

Првиот голем чекор почна со војната во Украина во 2022, каде неуспешната инвазија на рускиот претседател Путин и неочекуваниот отпор на Украинците создаде можност која Вашингтон ја искористи за почеток на големата прераспределба на силите, ресурсите, економските и енергетските патишта. Она што за светот го изгледаше како на моменти хаотичен кризен менаџмент беше прецизно спроведена стратегија за одржување на војната во Украина со цел за имобилизирање на главните светски политички и воени ривали во едно големо воено и економско жариште. Војната во Украина така функционира(ше) како идеална димна завеса. Додека вниманието на светот беше насочено кон неуспесите на Москва, американските планери ги врзаа воените и економските потенцијали на Русија во украинската кал. Со прогласувањето на „вечното сојузништво“ и кинескиот претседател Си Џинпинг се врза за закотвениот руски танкер, со тоа давајќи им на САД неприкосновена слобода за маневрирање на други места во светот.

Подготовката за главните потези за кои сведочиме денеска, започна со операцијата за неутрализирање на режимот на Асад во Сирија. Оваа кампања не беше клучна само за американските интереси, туку и за стратешките цели на Израел: елиминирање на долготрајните закани за еврејската држава, по претходните операции против Хезболах во Либан и Хамас во Палестина.

Отстранувањето на Асад беше од критична важност за следната фаза на планот: бидејќи го елиминираше влијанието на Иран во Сирија и Либан и ја уништи единствената медитеранска воена база на Русија во Тартус.

Москва и Пекинг гледаа, но дали навистина видоа што се одвиваше пред нивните очи?

Додека Трамп го забавуваше светот со споровите околу Гренланд и Канада, вистинските потези се одвиваа на југ. Во дрска и прецизна операција, САД го заробија претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, обезбедувајќи ги вторите по големина светска резерви на нафта. Она што со децении беше трн во нога за стратегијата на САД, се реши за момент. Следната цел, како што веќе пишував е Куба. Пред неколку дена за ова добивме и потврда од претседателот Трамп кој изјави дека државниот секретар Марко Рубио, работи на план за мирно предавање на Куба под контрола на САД. Двајцата главни сојузници на Русија и Кина во Јужна Америка се отсечени во еден потег, заедно со огромните приходи од нафта, оружје и влијание на американскиот континент за Пекинг и Москва. Она што на америка не успеваше со децениите санкции и неуспешни воени интервенции, администрацијата на Трамп го направи за една ноќ. Реперкусиите од неутрализирањето на заканите од Венецуела и Куба и стабилизирањето на американската енергетска независност се еден од псоледните делчиња на мозаикот за имплементација на Монровата доктрина и целосна доминација на западната хемисфера на Вашингтон.

Иран е многу повеќе од воена интервенција, тоа е создавање на историја за идните генерации

И сега дојде круната на стратешката доминација: долгочекуваната интервенција во Иран. Древната Персија е клучна држава за глобалната стратегија — како што вели Бжежински, контролата над Евроазија и нејзините енергетски артерии е темел за светска моќ.  Иран контролира големи резерви на нафта и гас и го држи теснецот Хормуз, низ кој минува речиси една петтина од светската нафта, особено кон огромните азиски пазари како Кина и Индија.

Со интервенцијата, врската меѓу Москва и Пекинг во регионот е целосно ослабена. Русија е заробена во Украина, Кина зависи од енергијата од Блискиот Исток, а САД обезбедуваат пристап и контрола над клучните енергетски рути. Ова ја позиционира Америка за доминација во енергетиката и тековите на енергенси во децениите кои доаѓаат. Вашингтон обезбедува стабилни текови на нафта за своите сојузници и го контролира  движењето на енергенси за ривалите.

Земајќи ги сите овие потези заедно, се создава модел кој ја менува светската геополитичка карта: Она што изгледаше како хаотични или непредвидливи потези на Трамп, всушност беше само маска за долгорочна и внимателно пресметана стратегија која го обезбедува влијанието на САД во 21 век.

Не треба да се биде преголем познавач за да се предвиди дека после стабилизирањето на Блискиот исток и цврстата контрола врз Иран, Америка ќе ја продолжи третата и финална фаза од планот, каде завршницата од велемајсторката партија во геополитички шах ќе заврши во Југоисточна Азија. Мое лично предвидување е и дека САД на некој начин ќе се врати со воено присуство во Авганистан, и тоа веројатно преку преземање на воздухопловната база во Баграм.

Во новата конфигурација, Соединетите Американски Држави повеќе не реагираат на историјата — тие ја дефинираат.

 

 

Иран криза САД светска сеад ризванович
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
ФОКУС
March 16, 2026Updated:March 16, 2026

Нов брз удар по џебот на граѓаните – горивата пак поскапеа

ВЕСТИ March 16, 2026

Значително поскапување на горивата стапува на сила од ноќеска на полноќ, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе…

Молитва за упокоените, гласна тишина и шеесет и три столчиња во Паркот на револуцијата во Кочани

March 16, 2026

Една година од несреќата во Кочани: „2 часот и 32 минути. Во ‘Пулс’. Во тој миг 63 млади срца престанаа да чукаат меѓу нас“

March 16, 2026

Генералниот секретар на ИТУЦ до Мицкоски: Загрижени сме за притисоците врз синдикатите

March 15, 2026
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.