Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Француската амбасадорка Оер: Нападот има симболика и порака

0
By Нова ТВ on July 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 15, 2016 16:15

Франција е во жалост по терористичкиот напад во Ница, во кој загинаа 84 лица, меѓу нив голем број деца, а има и голем број сериозно повредени. Сите во Франција сочувствуваат и сите се во потрага по своите најблиски, изјави денеска во француската резиденција амбасадорката на Франција во Македонија Лоранс Оер .

Aмбасадорката потенцираше дека според досегашните сознанија нема македонски државјани меѓу жртвите. Отворен е ургентен број во Париз каде што луѓето ќе можат да се информираат. Таа истакна дека на барање на францускиот претседател Оланд во сите нивни амбасади ќе биде прогласен Ден на жалост во наредните три дена, а ќе биде отворена и Книга на жалост за сите оние кои ќе сакаат да се потпишат во неа.

Оер рече дека напаѓачот е идентификуван и дека станува збор за француско-туниски државјанин на возраст од 31 година, кој се одлучил за вистински терористичко-исламистички чин.

„ Да се влета во толпа од луѓе со камион по завршувањето на дефилето, а во моментот на огнометот по повод прославата на шеталиштето наречено Англиска променада е навистина нешто со голема симболика.  Фактот што атентатот се случи на 14 јули е со посебна тежина. На денот на францускиот национален празник – на Денот на слободата е навистина полно со симболика за нас затоа што станува збор за симболиката на Француската Република.“, рече Оер.

72d2e617-2491-40de-848e-037681ea105f

„Она што можам да кажам е дека ќе одговориме најдобро што можеме преку истрагата, но исто така ќе дадеме се од себе во иднина такви настани да не се повторат, вели Оер.

Таа нагласи дека Франција нема да попушти пред борбата против тероризмот за што, рече, е неопходна целокупната меѓународна соработка со сојузниците и партнерите бидејќи, вели, многу добро знаат дека претставуваат цел, но не како индивидуи, туку како системот на вредности кој го споделуваат.

„ Затоа ќе одговориме бидејќи не сакаме повеќе да се случуваат невини жртви да гинат.  Затоа и меѓународната соработка е неопходна повеќе од кога и да е во овој момент која е исто така поткрепена и со огромна солидарност од сите страни.“, изјави на денешната прес конференција амбасадорката Оер.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир

February 15, 2026

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026
ФОКУС
February 14, 2026

Минхен: САД и Европа се поврзани но партнерството мора да се прилагоди

ВЕСТИ February 14, 2026

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека судбините на САД и Европа се „поврзани“, во…

Јотова: Северна Македонија лобира да го заобиколи првиот кластер но да не се лаже дека постои полесен пат до ЕУ

February 14, 2026

Кос: Во следното проширување на ЕУ нема да дозволиме да влезат „Тројански коњи“

February 14, 2026

Левица: Падна една недопирлива – победи јавниот притисок за Цвета Ристовска

February 13, 2026
ТИКЕР

Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир

February 15, 2026

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.