Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Видео: Комеморација за писателот Мето Јовановски

0
By Нова ТВ on December 26, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 26, 2016 20:23

Во Гем Клубот во Скопје, со присуството на голем број колеги, соработници, пријатели денеска се одржа комеморација за писателот Мето Јовановски кој по кратко боледување почина во петокот на 88 годишна возраст.

За животот и делото на Јовановски говореа професорот Гордан Калајџиев и поетот Димитар Башевски.

„Иако можеше да ми биде татко го чувствував како пријател, тој беше таков со сите, отворен и искрен. И да не беше претседател и основач на Хелсиншкиот комитет и да беше само писател, тој во душата секогаш беше борец за човекови права“, рече Калајџиев.

„Својата приврзаност кон своето Брајчино, освен со другите книги тој ја има овечено со еден посебен подарок, посебна книга која можеби на некои од вас и не ви е позната, тоа е неговиот „Зборовник по Брајчински“, правен по принципот на лексикон, тој е една богата книга за дијалектологијата, за лингвистиката воопшто, за народната книжевност, за етнологијата“, рече Башевски.

Јовановски беше претседател на Македонскиот ПЕН центар и прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Во кариерата долга 6 децении, неговото творештво брои над 30 книжевни дела. Објавуваше збирки песни, раскази, романи, песни за деца, а од нив, особено расказите, се објавувани на повеќе светски јазици, а Јовановски преведуваше од англиски и руски јазик. Автор е на расказите и негови најпоззнатии дела преведувани на повеќе светски јазици: „Јадреш“, 1957, „Мени на мојата месечина“, 1959, „Првите човекови умирања“, 1971, „Патот до осамата“, 1978, „Крстопат кон спокојот“, 1987, „Љубовта на Грифонот“, 2005. Ги напиша романите „Хајка на пеперутки“, 1957 „Слана во цутот на бадемите“, 1965, „Земја и тегоба“, 1968„Сведоци“, 1970„Будалетинки“, 1973, „Орловата долина“, 1979, „Крлежи“, 1984 и„ Балканска книга на умрените или Ослободување преку зборување“, 1992. Автор е и на две книги за деца „Љуман армијата“ од 1954 и „Војвода над војводите“ од 1980.

Јовановски го напиша и патеписот „Клучевите на Манхатан“, 1983, а има напишано и радио и тв драми. Составувач е на антологијата „Една друга Америка“, 1978 и на лексиконите „Кој е кој, што е што“, 1963 и „Мал литературен лексикон“, 1971.

Мето Јовановски го негуваше и афирмираше македонскот јазик, а во еден од неговите последни написи, колумна за „Утрински весник“ со наслов „Напуштање на јазикот, татковината“, Јовановски зборува токму за негрижата на нашиот јазик во литературата.

Мето е татко на три деца, Билјана, Борјан и Светлана.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.