(Видео) Костовски од СДСМ и Апасиев се зaтуркаа во Собранието, Мисовски и Адеми ги раздвојуваа

За малку беше избегнат инцидент во Собранието меѓу пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски и лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Костовски и Апасиев почнаа да се туркаат во салата, а поголем инцидент спречи потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми.