Според информациите на НОВАТВ напаѓачот му дошол на екс министерот Никола Тодоров од зад грб и се приближил до него, извадил пиштол и му го вперил во главата.

Тодоров ја задржал присебноста и успеал да ги избегне трите куршуми кои биле испукани директно кон него. Напаѓачот веднаш бил совладан од неговото обезбедување и е приведен во полициска станица. Неофицијално Тодоров не е повреден, но не се знае каде е во моментов.

ТВ21 објави видео на кое се гледа како неколкумина совладуваат лице пред влезот на Министерството за здравство, за кое се вели дека е напаѓачот.

Повеќе информации следуваат подоцна.