Published: Wednesday, July 6, 2016 19:45
И покрај невремето и дождот кој го зафати Скопје, стотици демонстранти, поддржувачи на Шарената револуција во моментот се собираат пред Специјалното обвинителство, јавува репортерката на НОВА.

Дел од демонстрантите, кои се припадници на исламската вероисповест на присутните им поделија баклава, како симболичен гест за празникот Рамазан Бајрам.
Денеска протестот има за цел да испрати порака до власта дека не смее да се дозволи промена на изгледот на ГТЦ во барок, одлука која беше најавена минатата недела.




