Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вистината наспроти канонадата од лаги против судијката кацарска

0
By Zoran Ivanov on November 26, 2025 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Темелко Ристески: Деновиве од пропагандната „артилерија“ на владејачката гарнитура се истури канонада од лаги против уставниот судија Добрила Кацарска поради нејзиниот предлог за поведување постапка за оценуваше на уставноста на член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. „Артилерците“ на лаги одат дури и дотаму да тврдат дека граѓаните ќе морале да ги враќаат оние седум илјади денари што веќе ги примиле, односно ќе ги примат, заклучно со мартовската пензија 2026 година, по основ на линеарно усогласување. Слушнав дека на лагите им подлегнале и некои мои пријатели и познаници со високо образование.

Еве ја вистината според словото на Уставот и Актот на Уставниот суд кој е донесен според член 113 од Уставот.

Според член 23 од Актот на Уставниот суд, секој може да поднесе иницијатива за оценување на согласност на Закон или негови одредби со Уставот.

Со член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, донесен кон крајот на месец јули оваа година, овозможено е линеарно усогласување на пензиите за периодот од 1 септември 2025 година до 31 март 2026 година и тоа по 1000 денари за септемвриска пензија оваа година и за мартовската пензија 2026 година.

За оценување на согласноста на овој закон со Уставот поднесени се иницијативи од повеќе граѓани од кои, меѓу првите, е иницијативата на мојата маленкост.

Предметот по иницијативите, согласно со член 28 од Актот на Уставниот суд, и е доделен на Судијата Добрила Кацарска. Таа како, судија известител, согласно со член 29 од наведениот акт, а раководејќи се од своето слободно судиско уверување базирано на член 16, став 1, од Уставот, поднела предлог до Уставниот суд да се поведе постапка по инцијативите.

Постапката, според член 36, став 1 од актот на Уставниот суд, се поведува со решение на Судот. За донесување на решението гласаат сите судии. Решението се смета за донесено ако за тоа се изјасниле најмалку пет од вкупно девет судии колку што, според член 109 од Уставот, го сочинуваат Уставниот суд.

Ако Уставниот суд во постапката утврди дека закон или негова одредба не се во согласност со Уставот, според член 112 став 1 од Уставот и член 72, алинеја 1 од Актот, тој може да ги укине или поништи, и тоа со мнозинство гласови од вкупниот број судии.

Во случаи како што е овој Уставниот суд може да го укине Законот. Укинувањето на закон нема повратно дејство. Тоа значи ако Уставниот суд го укине спорниот Закон пред март 2026 година ќе се спречи линеарното усогласување на мартовската пензија од бедни 1000 денари а ќе остане процентуалното. Ако тоа не го стори до истекот на месец март, нема да се спречи тоа линеарно усогласување кое веќе, за волја на вистината, е изедено од инфлацијата .

Најпосле, Ако Уставниот суд, по утврдувањето на фактичката и правната состојба на јавната расправа, најде дека отпаднале основите за сомневање на уставноста на Законот или ако, тој во текот на постапката престане да важи, може да ја запре постапката по иницијативите (чл. 39 од Актот на Судот).

Затоа драги сограѓани не плашете се од артилериската канонада на лаги исфрлени од устите на повеќе претставници на владејачката гарнитура и нејзини поддржувачи против судијата Кацарска. Таа, како поединец, само предлага, а не одлучува. Одлучува Уставниот суд со мнозинство гласови на судиите. Линеарните усогласувања на пензиите што досега сте ги примиле ќе ви останат. Можеби ќе го добиете и линеарното усогласување од бедната илјадарка на мартовската пензија. Во секој случај ќе добиете усогласување на пензијата, линеарно или процентуално во зависност од тоа како ќе одлучи Судот по поднесените иницијативи.

Извор: Фејсбук

 

став Темелко Ристески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Форбс: Богатството на Илон Маск порасна на 677 000 000 000 долари

December 16, 2025

Апелација од 12 на 13 години му ја зголеми казната на возачот кој ја прегази Фросина Кулакова

December 15, 2025

Лувр затворен – персоналот штрајкува

December 15, 2025

Градот на светлината без новогодишни светла на Шанзелизе

December 14, 2025

Најмалку 10 убиени во пукање на плажата Бонди воглавниот град на австралискиот Нов Јужен Велс

December 14, 2025
ФОКУС

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

ВЕСТИ December 16, 2025

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот…

САД: Разговараме за договор што обезбедува силни гаранции за безбедноста на Украина

December 15, 2025

Сиднеј: Татко и син поврзани со „Исламска држава“ се терористите кои убија 15 лица во антисемитскиот напад на плажата Бонди 

December 15, 2025

Будимпешта: Илјадници на улиците – граѓаните бараат оставка од Орбан по скандалот со злоупотреба на деца

December 14, 2025
ТИКЕР

Форбс: Богатството на Илон Маск порасна на 677 000 000 000 долари

December 16, 2025

Апелација од 12 на 13 години му ја зголеми казната на возачот кој ја прегази Фросина Кулакова

December 15, 2025

Лувр затворен – персоналот штрајкува

December 15, 2025

Градот на светлината без новогодишни светла на Шанзелизе

December 14, 2025

Најмалку 10 убиени во пукање на плажата Бонди воглавниот град на австралискиот Нов Јужен Велс

December 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.