Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада: Средствата од ребалансот се за општините, ФЗОМ, ПИОМ и АВРМ

0
By Нова ТВ on October 14, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ревидирање на проекцијата за раст на БДП на 2,8 проценти, задржување на буџетскиот дефицит на 2,7 отсто и намалување на приходната и расходната страна за 0,5 отсто, предвидува Предлог-ребалансот на Буџетот за 2018 година, што го донесе Владата на вчерашната вонредна седница.

– Целта на Предлог-ребалансот на Буџетот за годинава е да се направат корекции на расходната страна со цел обезбедување на финансиска поддршка за општините и зајакнување на фондовите за здравствено осигурување (ФЗОМ), Пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) и Агенцијата за вработување (АВРМ), рече министерот Драган Тевдовски на денешната прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека е ревидирана проекцијата за раст на БДП на 2,8 отсто, пред сѐ, како што рече, заради блокадата за влез во НАТО и ЕУ од страна на опозицијата, а неизвесноста негативно може да влијае на економијата. Нивото на буџетски дефицит, додаде, е задржано на 2,7 отсто со што се задржува определбата за постепена фискална консолидација.

– Приходната страна на Буџетот е корегирана незначително, за 0,5 отсто надолу. Ревидирањето на планираните проекции на приходите е пред се резултат на намалувањето на приходите кои буџетските корисници ги остваруваат на сопствените сметки и благ пораст на социјалните придонеси, во однос на иницијално буџетираните од 812 милиони денари заради реализацијата во првите девет месеци од годинава, посочи Тевдовски.

Расходната страна на Буџетот, потенцира е корегирана надолу за 1,2 милијарди денари, односно за 0,5 отсто.

– Има намалување на одредени позиции кај капиталните расходи на буџетските корисници кај кои е евидентирана забавена динамика на реализација, воглавно кај проекти финансирани со кредити. Капиталните расходи се намалуваат за 5,666 милијарди денари, од кои 1,672 милијарди денари на буџетската сметка и 3,994 милијарди денари на кредитната сметка. Каматните расходи се намалуваат за 897 милиони денари, пред сѐ заради успешното менаџирање со јавниот долг и обезбедувањето на пониски каматни стапки за сервисирање на долгот, прецизира министерот за финасии и додаде дека најголемо кратење ќе има кај проектите каде има забавена динамика, односно за гасификација и за откажаниот клинички центар.

Релокација за намалување на долговите

Со ребаланост се прави и реалокација на средства помеѓу буџетските корисници при што се обезбедуваат дополнителни 198 милиони денари за политички партии и истражувачки центри согласно промената на закон, како и средства за функционирање на ОТА до крајот на годината.

– Се обезбедуваат и дополнителни 1,8 милијарди денари за Фондот за здравствено осигурување, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и за Агенцијата за вработување. Со овие средства освен непреченото реализирање на обврските на овие институции се очекува и етапно намалување на долговите на здравствениот систем, посочи Тевдовски.

Најголема алокација во ребалансот, како што кажа, има за општините.

– За општините се обезбедува финансиска поддршка во висина од 3,020 милијарди денари, со цел намалување на доспеаните, а неплатени обврски на општините и единките корисници основани од единиците на локалната самоуправа од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита. Начинот на реализацијата на финансиската поддршка на општините ќе биде утврдена со закон. Истотака, со закон ќе се постави механизам за спречување на можноста за трупање на неплатени обврски во општините, потенцира Тевдовски.

Прецизира дека законите се во финална фаза на изработка и оти ќе бидат доставени до Собранието доколку на пленарната седница биде изгласан почетокот на постапката на уставните промени.

– Во спротивно, ќе се распишат предвремени парламентарни избори и овој ребаланс на буџетот нема да може да биде усвоен од страна на Собранието. Во моментов постои можност да им се помогне на општините, а доколку дојде до неприфаќање на почеток на постапката за уставни промени и се распишат предвремени парламентарни избори, таквата можност ќе се изгуби бидејќи во предлог Буџетот за 2019 година, кој е во фаза на изработка, не постои фискален простор за финансиска поддршка на општините, посочи Тевдовски.

Доколку не се изгласа ребалансот, нагласи, нема опасности за пензиите и за Здравствениот фонд.

– Пензиите во секоја варијанта ќе бидат целосно и навремено исплаќани. Нема никаква дилема дека пензиите се приоритет и тие мора да бидат исплатени, рече Тевдовски во одговор на новинарско прашање.

Министерството за финасии, како што рече, е подготвено за сите сценарија и за секоја варијанта државата да ги исплаќа сите свои обврски дури и да влезе во времено финасирање.  Доколку дојде до предвремени избори, додаде, постои начин да се финасираат и ако нема ребаланс.

– И досега сме имале предвремени избори и средствата за нивно реализирање се обезбедувале преку функции на држава. Тоа нема да биде никаков проблем. Овој ребаланс е подготвен за варијанта доколку нема избори, но ако има избори ние ќе обезбедиме средства за нивна реализација, посочи Тевдовски.

Приватниот сектор првпат е носител на растот на економијата

Во изминатава година приватниот сектор по првпат ја повлече економијата и е носител на растот, оцени министерот за финансии.

– Многу години носител на растот беше државната интервенција во непродуктивни проекти, главно во пректот „Скопје 2014“. Сега ако ги гледаме макроекономските индикатири, растот на индустриското производство кое е повисоко од пет проценти и извозот којшто има двоцифрена стапка на раст и други показатели јасно е дека приватниот сектор започна да се движи во економијата, рече Тевдовски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата за Предлог-ребалансот на Буџетот за 2018 година.

Нашето настојување со ребалансот, додаде, е како да вбризгаме ликвидност во приватниот сектор која ќе овозможи да одиме понатаму.

– Ланската година е прва година по една декада во која е намален јавниот долг како процент на БДП. Практично ја стопиравме динамиката на задолжување која беше многу силна од 2008 до 2016 година. Сега не постои задолжување за непордуктивни проекти и зборуваме за нешто што и треба на економијата – инвестиции во патишта, железници на што Владата напорно работеше да се одблокираат, рече Тевдовски.

Една од главните мантри на последната декада, потенцира, беше дека растот пред се се должеше на државната интервенција и тоа претежно во проeкти за фасади, нешто што не и треба на економијата.

Македонија, додаде, првпат годинава започна да издава 30-годишни обврзници. Досега најдолга рочност на обврзниците беше 15 години.

Очекува и покрај намалувањето на средствата за капитални инвестиции во Предлог-ребалансот на Буџетот да има добра реализација, особено во последниот квартал од годинава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.