Владата на Република Македонија на својата веб страница објави нови десетици документи и информации во насока на зголемување на транспаретноста и отчетноста.

На интернет страницата објавени се документи и информации коишто се однесуваат на работата и активностите на Генералниот Секретаријат, канцеларијата на претседателот на Владата, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, како и за неколкуте министри без ресор.

По првпат достапни се буџетите од минатата и од оваа година, ревизорски извештаи, планови за набавки, листа на вработени со официјални телефони и е-маил адреси, правилници за систематизација на работните места, правилници за организација, закони и подзаконски акти во надлежност на институциите, листа на информации од јавен карактер, органограм за внатрешната организација, како и календар на настани.

Посочените документи се достапни во категоријата „Информации од јавен карактер“, на официјалната страница на Владата на РМ – www.vlada.mk, и на веб страните на одделните министерства. Документите се објавени на следниот линк http://vlada.mk/InformaciiJavenKarakter.