Published: Wednesday, August 17, 2016 14:29
Владиката Петар, за Канал 5 телевизија ги демантира објавените информации дека бил упасен од полицијата во Мелбурн, Австралија.
– Веста за мое апсење е лага и конструкција зад која стојат струмичкиот Владика Наум и Игуменот Гаврил против кого се води црковноканонска судска постапка за расчинување – изјавил Владиката Петар.
Тој вели дека бил во полиција по претходна покана за дело во кое бил вмешан игуменот Гаврил.
Сајтот falanga.com.au. утринава пренесе дека надлежниот митрополит на Австралиско-новозеландската епархија, Владиката Петар бил приведен и повикан на информативен разговор во полицијата во Мелбурн.




