ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за за работата на министерот за здравство Арбен Таравари.

Во соопштението од партијата се наведува декаТаравари е „убедливо најлошиот министер за здравство кој македонските граѓани го виделе“, бидејќи „му се случиле повеќе фатални последици кај пациенти иако засега никој официјално не дал потврда дека навистина има почината 25 годишна девојка поради погрешна дијагоноза“.

-Затоа поднесовме интерпелација за која треба да гласа секој пратеник без оглед на партиската определба, бидејќи здравјето на граѓаните е поважно од се.

Во Македонија веќе не смее да умираат луѓе поради хаосот кој го создава неспособниот Таравари, се вели во соопштението.

ВМРО ДПМНЕ неколку дена обвинува дека поради лекарска негрижа 25 годишна девојка починала од сепса откако и пукнало слепо црево, а претходно била вратена од Клиниките, откако не и било дијагностицирано ништо.

Министерството за здравство демантираше дека ваков случај воопшто постои.